Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Пишува: Нано Ружин Во периодот на изминатите 16 години, Канцеларката Ангела Меркел, го научи менталитетот на балканските лидери, и секогаш им порачуваше тоа што сакаат да слушнат, но никогаш не го докрајчи прашањето на интеграција на Западен Балкан. На почетокот на мандатот покажуваше одредени резерви кон проширувањето, а во 2009 година, заедно со францускиот претседател Саркози, се изјаснија против проширувањето кон Турција. Воедно, за државите на Западен Балкан не постоеше некоја појасна оптимистичка визија, освен празните заклучоци од Самитот во Солун 2003 На 26 септември 2021 година по федералните парламентарни избори, Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, популарната „Mutti” (Мама) која…
Косовските власти треба да ја донесат одлуката, додека наше е само да ги почитуваме. Сепак, албанските власти одлучуваат за Албанија и тие мора да ги почитуваат нашите одлуки. Ако не ни се допаѓаат одлуките, треба да разговараме за нив, но никогаш да не ги прогласуваме за предавници, проруси и просрби, оние кои размислуваат поинаку, играјќи со незнаење. Отворениот Балкан е пород на Берлинскиот процес, посочи Рама. Албанскиот премиер, Еди Рама, чиј нов, трет по ред владин кабинет треба да биде изгласан денеска, при презентацијата на владината програма, задржувајќи се на иницијативата „Отворен Балкан” повторно ја критикуваше Приштина што не се…
Овие медали се освоени претставувајќи ги Челзи и Англија, и тоа е чест која никој никогаш нема да може да ми ја одземе, порача 21-годишниот англискиот дефанзивец. Маскирани разбојници го обиле домот на фудбалерот на актуелниот европски првак, Челзи, и англиски репрезентативец, Риз Џејмс, при што му се украдени златниот медал од Лигата на шампиони и среброто од ЕУРО2020. Џејмс на Инстаграм објави секвенци од безбедносните камери на кои се гледа како четворица разбојници со качулки на главите насилно влегуваат во неговиот дом. – Група кукавички разбојници ми го обија домот. Успеаја да подигнат тежок сеф во кои има некои…
“Уште само еднаш ќе го кажам тоа – Себастијан Курц, ќе те кренам во воздух”, напишал осудениот на својот профил на Фејсбук. Бидејќи не се случила никаква реакција, потоа тој напишал дека доколку Курц не му се јави, ќе го крене цел Хофбург во воздух. Судот во Грац донел пресуда да смести еден граѓанин на психијатрија, бидејќи упатувал закани кон австрискиот канцелар, Себастијан Курц. “Уште само еднаш ќе го кажам тоа – Себастијан Курц, ќе те кренам во воздух”, напишал осудениот на својот профил на Фејсбук. Бидејќи не се случила никаква реакција, потоа тој напишал дека доколку Курц не му се…
Скопјанец од општината Ѓорче Петров вчера попладне од балкон испукал неколку куршуми во воздух, по што полицијата влегла во неговиот стан. – Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К. (70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две…
Валентина Костадиновска околу 16 часот денеска преку Фејсбук побара помош во потрагата по Михаил, објавувајќи фотографија од детето. Еден час откако преку социјалните мрежи беше објавено дека денеска во Скопје се изгубило детето Михаил, од полицијата соопштија дека тоа е пронајдено. – Во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од В.К. денеска во 16.03.часот беше пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје. Детето им е предадено на родителите, соопшти МВР. Валентина Костадиновска околу 16 часот денеска преку Фејсбук побара помош во потрагата по Михаил, објавувајќи и фотографија од детето. “Детето се вика Михаил и вози…
Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г). Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на ковид-19: Скопје…
„Вложениот труд и работа при имплементирањето на родово одговорното буџетирање ја направи вашата земја лидер на Балканот. Би сакала што поскоро да го видам отворен Тренинг Центарот за родово одговорно буџетирање затоа што со неговото функционирање ќе се направат големи промени и ќе се постигне голем напредок во воспоставувањето на родова еднаквост, на секое поле“, – порача регионалната директорка Алиа Ел Јасир. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со регионалната директорка на UN Woman за Европа и Централна Азија, Алиа Ел Јасир. Целта на состанокот беше да се разговора за севкупниот напредок на Република Северна Македонија…
Сертификатот ќе го носи името “Ковид сејф тикет“ или КСТ и ќе се бара во дискотеки, ресторани, кафулиња (но не и терасите), спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Од октомври и во градот Брисел ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележаност или негативен ПЦР тест за да се влезе на јавни места и собири, јави дописничката на МИА од Брисел. Сертификатот ќе го носи името “Ковид сејф тикет“ или КСТ и ќе се бара во дискотеки, ресторани, кафулиња (но…
Причината за експлозијата првично е нејасна, иако украинската разузнавачка агенција, СБУ, и полицијата отворија истраги за тероризам, додава германската агенција. Портпаролка на служба во регионалната влада во четвртиот по големина украински град Днипро и нејзин придружник денеска загинаа во експлозија на автомобил, јави ДПА. Државната служба за вонредни состојби во регионот Днепропетровск денеска соопшти дека една од жртвите е нејзината 35-годишна прес-секретарка Дарија Хречишчева. Според медиумите, втората жртва е експерт за деактивирање нагазни мини. Причината за експлозијата првично е нејасна, иако украинската разузнавачка агенција, СБУ, и полицијата отворија истраги за тероризам, додава германската агенција.
Од епидемиолошката анкета нема детали каде девојката се заразила, дали веќе лекарите утврдиле и кластер на луѓе од веселба или од некој друг настан.На Универзитетската Клиника за неврологија велат дека пациентите со церебрална парализа и со други хронични заболуавња имаат поголем ризик од компликации при инфекција со ковид-19 25-годишна девојка од Демир Капија е една од последните најмлади жртви на ковид-19 во земјава, а меѓу 30те починати кои вчера влегоа во црната статистика, е и скопјанка на 43-годишна возраст, која исто така, фатално завршила од компликации од коронавирусот. Според податоците на Институтот за јавно здравје на РСМ, во Демир Капија…
Вчера (14 септември) во 16 часот и 20 минути, С.З.(44) од тетовско Шемшово во СВР Тетово пријавил дека десетина минути пред тоа во неговата фирма во Јегуновце физички бил нападнат од А.М.(27) од тетовска Мала Речица поради претходни нерасчистени деловни односи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.