Author: НОВА ТВ Balaban

Доделувањето на ранците, прирачниците и елечињата ќе се реализира утре во паркот „Жена борец“ во Скопје. За време на настанот екипи од Црвен крст ќе демонстрираат прва помош пред присутните граѓани. Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“. Од Црвениот крст соопштија дека како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, ќе донираат наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема…

Read More

Во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, соопшти Филипче. Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба, објави денеска на својот Фејсбук профил, министерот за здравство,  Венко Филипче. – Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и…

Read More

Зголемен, безболен, поткожен лимфен јазол е симптом кој не треба да се занемарува ниту од пациентите, ниту од здравствените работници. Дополнително, намалена енергија, треска, температура, чешање по телото, намалување на телесна тежина, се исто така симптоми кои не треба да се игнорираат, изјави проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, директор на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје. Светскиот ден за подигнување на свеста за лимфом се одбележува секоја година на 15 септември на глобално ниво. Свесноста за лимфом и препознавање на симптомите се од суштинско значење за раното откривање. Кон одбележувањето на овој ден, во ек на ковид-19 пандемија, се…

Read More

„Невозможно е да се каже што може да направи. Знаете дека е луд. Тој е луд долго време“, му рекла претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, на Мили во разговор на 8 јануари за менталната состојба на Трамп. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил тајно лишен од овластување да нареди нуклеарен напад или да почне воена акција во последните хаотични денови во Белата куќа, според книга од новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која треба да биде наскоро објавена. Двајца ветерани на „Вашингтон пост“ во книгата наведуваат нови драматични детали за избезумениот обид на Трамп да ги отповика резултатите од…

Read More

Во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари. Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем…

Read More

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.50 часот, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од село Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираа денеска од МВР, лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.  

Read More

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија, a бил почувствуван и во Црна Гора. Епицентарот на силниот земјотрес, кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време, бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми. Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од петти степен на Меркалиевата скала.

Read More

Домашните медиуми информираа дека локалното население годинава убило 1.428 животни, во традиционалниот лов на делфини и китови наречен „Гриндадрап“, што датира од 1500-тите години. За време на овогодишниот фестивал „Гриндадрап“, што се одржува секоја година на Фарските Острови, автономен регион на Кралството Данска, убиени се 1.428 китови и делфини, јави агенцијата Анадолија. Домашните медиуми информираа дека локалното население годинава убило 1.428 животни, во традиционалниот лов на делфини и китови наречен „Гриндадрап“, што датира од 1500-тите години. Годинашната е највисока бројка на убиени животни од почетокот на традицијата. Во традицијата што трае од 1584 година, најмногу китови и делфини досега биле убиени…

Read More

ДАНКЕ АНГЕЛА. Посебно задоволство е да ве одликувам во име на Албанија со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност, пишува Рама. Во име на Албанија, премиерот Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност. – ДАНКЕ АНГЕЛА. Посебно задоволство е да ве одликувам во име на Албанија со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност, пишува Рама. Канцеларката Меркел по пристигнувањето имаше одвоена средба со Рама, се сретна со премиерите на шесте земји од Западен Балкан, а планирани се средби одделно со секој од нив.…

Read More

Филмот за „скапаниот“ автобус на фирмата „Крстиќ и синот“ со кој група патници се обидува, преку низа перипетии и комични ситуации, да стигне до Белград токму пред нацистичкиот напад на Југославија во април 1941 г. – своевремено беше добитник на повеќе домашни (Златна арена за Александар Берчек во Пула) и странски филмски награди и признанија (Кан – награда на публика; Гран при на фестивалите во Монтрел, Панама, Саламанка, Ротердам, итн.). Утре (среда,15 септември), во 20.00 во летното кино „Мирно лето“ ( Кинотека), во рамки на „Скопје филм фестивал класик“, ќе се одржи проекција на култната комедија на Слободан Шијан од…

Read More

Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од  Основното јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција. Во акција се запленети околу 20 килограми марихуана,…

Read More

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз, која и самата се вклучи во крводарителската акција, најави дека сета помош што ќе биде собрана преку „American corners“ мрежата во земјава, ќе биде донирана за семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Во Американската амбасада во Скопје денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во чест на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, која и самата се вклучи во крводарителската акција, најави дека целата помош што ќе биде собрана преку „American corners“ мрежата во земјава, ќе биде донирана за семејствата…

Read More