Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Демократскиот сојуз предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат, се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија, соопштија денеска од оваа партија. Демократскиот сојуз смета дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и…
Во тетовската полиција денеска претпладне 39-годишна жена се пријавила дека половина час претходно, со употреба на тврд предмет, го убила нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг. – Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, се наведува во полицискиот билтен. На местото на настанот извршил увид Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело е предадено за обдукција. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава
Едно лице загинало денеска при гаснење на шумски пожари во турската провинција Мугла, во близина на хотел во познатото летувалиште Мармарис. Загинатиот бил вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија. Голем број на пожарникари, шест хеликоптери, булдожери и противпожарни возила се вклучени во гаснење на пожарот, чие ширење дополнително го засилува ветерот.
Голем шумски пожар избувна во близина на плажа во турското одморалиште Мармарис (област Мугла), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Причината за пожарот, кој брзо се прошири на релативно голема површина, сè уште не е позната. Пламенот беснее во близина на населено место и позната плажа. Луѓето со вознемиреност ја гледаат огнената стихија, се гледа од фотографиите и снимките од плажата. Противпожарните служби се обидуваат да го изгаснат огнот и од копно и од воздух.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека делта сојот на коронавирусот, пристигнал во Србија. – Се плашам од претстојната есен, апелирам до сите да се вакцинираат. Делта сојот веќе сигурно е стигнат, утрово разговарав со експертите, загрижен сум за тоа, ќе поминеме уште месец или два во мир, потоа ќе видиме како и што, рече Вучиќ во изјава за медиумите. Тој додаде дека Велика Британија има голем проблем со новите соеви на вирусот, иако најголем дел од населението е вакциниран.
Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, поднесе оставка откако се најде во скандалозна ситуација поради кршење на мерките за одржување на физичко растојание, откако Сан објави фотографии од снимка од видеонадзор, на кои се гледа како Хенкок ја прегрнува и ја бакнува соработничката Џина Коладанџело, мажена лобистка што минатата година тој ја унапредил на платена позиција. Наскоро по писмената изјава, Ханкок објави видеопорака на Твитер. „Ние што ги создаваме овие правила мора да се придржуваме до нив и затоа јас морам да дадам оставка“, рече тој. Од Даунинг стрит ја испратиле оставката на Хенкок до премиерот Борис Џонсон. …
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Битола – 1. Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1. Не се регистрирани починати лица. Направени се 2.514 тестови преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–11, МАНУ-0,…
Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини што ги купивме од производителот Синовак. Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата, согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава, информираа од Министерството за здравство. – Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид 19, и на хоспитализиарани граѓани, за што…
Во вооружен судир на плажа на северот на Албанија, во Велипојe, се убиени четири лица, а четири ранети, јавуваат медиумите од Албанија. Некои медиуми објавија дека причина за вооружениот инцидент била поставување на лежалки на плажата помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг. Инцидентот се случил по полноќ, а жртвите се на возраст од 20 до 59 години. За четворицата ранети се претпоставува дека исто така учествувале во судирот. Овој инцидент предизвикал шок и неверување кај граѓаните пред туристичката сезона, и дека влијаат на имиџот на земјата.
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи утре во Познан ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група. На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на Советите на ЕУ, регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на Регионот. Имајќи ја во предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување,…
Сè додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, ние нема што да бараме од Софија, изјави попладнево претседателот Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител”. Негова препорака е во овој период Владата да се задржи на акциските соработки со Бугарија со кои ќе се гради довербата, но не и да се разговара за главните точки на разединување. – Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да…
Данска го совлада Велс со 4:0 вечерва на Амстердам арената на ЕУРО2020. Репрезентацијата на Данска во четвртфиналето ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Чешка и Холандија. Во вториот осминафинален натпревар, вечерва од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон играат Италија и Австрија.