Author: НОВА ТВ

Англија вчеравечер пред 60.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон ја совлада Данска по продолженија со 2:1 (1:1) и избори финале на Европското првенство против Италија. Англија офанзивно го почна второто полуфинале на ЕУРО2020, но откако го издржа почетниот притисок Данска воспостави контрола на теренот и прва дојде во водство со гол од слободен удар на Микел Дамсгард во 30 минута. Англичаните ја анулираа негативата девет минути подоцна со автоголот на данскиот капитен Симон Кјаер. Второто полувреме не донесе голови на „Вембли“, а Англија направи целосен резултатски пресврт во последната минута од првото продолжение. Каспер Шмајхел најпрво го одбрани ударот…

Read More

Уште во првите денови од мандатот, јасно ги поставивме нашите цели кои за овие четири години во целост ги реализиравме, рече синоќа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ што се одржа во Делчево. – Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните, рече Спасовски. Тој…

Read More

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ пред сограѓаните зборуваше за реазлизираните проекти во изминатите четири години и ги повика на заедничко изготвување на програмата за наредните четири години, програма за локален економски развој и подобар квалитет на животот. – Интензивно работевме за да го подобриме квалитетот на животот во Делчево. Ги реализиравме сите капитални ветувања, а од програмата се реализирани високи 80% од ветените проекти, но и реализиравме проекти кои не беа ветени во програмата, но беа долгогодишен товар на граѓаните, рече Трајковски пред граѓаните во Делчево. Тој наведе дека…

Read More

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата во Северна Македонија на моменти било слабо и селективно ги таргетирало владините критичари и прекршители на ниско ниво, се наведува во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година. Меѓу другото, во извештајот се вели дека имало кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори. – Актуелната Комисија за борба против корупцијата (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, продолжи со работа по усвојување на новата легислатива за антикорупција во јануари 2019 година, и е особено проактивна оттогаш. Комисијата отвори бројни истраги поврзани со корупција,…

Read More

Денеска во просториите на МАНУ беше инаугуриран проф. д-р Венко Филипче, актуелниот министер за здравство, во вонреден професор на Универзитетот на Обединети нации-Европски центар за мир и развој. Оваа институција е формирана во 1983 година, а како еден од основачите била и тогашната југословенска федерација. По стекнувањето на независноста на државата, претседателот Глигоров го потпиша Указот со кој овој универзитет на Светската организација се признава и во нашата земја. Универзитетот организира пост-дипломски, докторски и пост-докторски студии од повеќе домени во целиот регион, со професори од државата и странство. Дипломата во името на претседателот на академскиот Совет Федерико Мајор и професорот…

Read More

Во земјава ќе се гради првиот приватен ветерен парк во близина на светиниколското село, Богословец. Тоа е домашна инвестиција вредна 61 милион евра. Ветерниот парк се очекува да проработе во 2025 година, а во наредните 25 години да се овозможи зелена енергија за околи 20 000 домаќинства во земајва. – Овој проект е исклучителен  придонес кон пренасочувањери на нашето национално производство на електрична енергија кон обновливи избори и надополнување на електричното произвдоство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување…

Read More

Седумтемина осудени на доживетен затвор за престрелката во кумановско „Диво насеље“, која се случи во мај 2015 година, денеска од највисокиот, Врховниот суд, побараа да бидат ослободени и судскиот порцес да се врати на почеток. Тие тврдат дека не биле тероисти. Одбраната ја повика власта да каже кој го организирал нападот. Адвокатите на денешната јавна седница пред врховните судии наведоа дека за време на судската постапка во скопскиот Кривичен суд имало пропусти во водењето на самиот судски процес. Не можеле да презентираат докази, ниту да сослушуваат сведоци. Адвокатот Насер Рауфи во изјава за медиумите тврди дека осудените не се ниту…

Read More

Процесот на пристапување, доколку се искористи правилно поддржан со политичка волја за промена и трансформација, е најдобрата алатка за реформи и ниту една земја-членка не може да стави вето на тој процес. Предлогот на португалското претседателство е добра основа, но потребна е силна политичка волја и лидерство. За идентитетот и јазикот не се преговара. Ова го вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „European Western Balkans“. – Процесот на пристапување, доколку се искористи правилно поддржан со политичка волја за промена и трансформација, е најдобрата алатка за реформи и ниту една земја-членка не може да стави вето на…

Read More

Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска во Владата го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година). На средбата на членовите на Оперативното тело, како што информираат од Владата, беше усвоен Извештајот за реализирани активности од Националната стратегија за 2020 година и беше презентирана и електронската база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграцијата на општеството. Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда…

Read More

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, по големиот број на пријави на граѓаните на општината, почнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите угостителски објекти. Инспектори на Општина Центар преку инструменти за мерење бучава ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски објекти, а особено во оние за кои граѓаните се жалат на гласната музика. – Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина, соопштија од Општина…

Read More

Донесувањето на Резолуцијата која што сметаме дека треба да биде едногласно прифатена од сите претставници на различните политички партии е во прилог на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на Република Македонија, а тоа е во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност, изјави денеска пратеникот Тимчо Муцунски. Посочи дека пред се, ја имаат во предвид и ја нагласуваат целосната подготвеност на македонските граѓани и целото општество за итен почеток на пристапните преговори со Европската Унија засновани врз рамноправна и принципиелна основа. -Истовремено ги поддржуваме и поттикнуваме напорите…

Read More

Шведскиот премиер, Стефан Ловен, денеска повторно е избран за премиер, добивајќи доволно голема поддршка на гласањето во парламентот, девет дена откако се повлече од функцијата откако му беше изгласана недоверба, јави ДПА. Ловен поднесе оставка минатата недела, откако парламентот му изгласа недоверба, откако една недела претходно поддршката му ја повлече партијата Левица по спорот околу изнајмувањето на нови згради. Лидерот на партијата Модерате, Улф Кристерсон, прв се обиде да формира нова влада, но не успеа, оставајќи му на Ловен повторно да ја преземе власта. Ова беше првпат еден шведски премиер да биде сменат со вакво гласање. Социјалдемократот Ловен (63) премиер…

Read More