Author: Менче Атанасова Точи

Министерот за здравство Венко Филипче побарал од Синдикатот на Клиничкиот центар да му дадат уште два дена, односно до петок за да одговори дали ќе има 10 процентно зголемување на платите за сите здравствени работници подеднакво, дознава НОВА од свои извори кои се вклучени во процесот на преговорите. Минатата недела Филипче најави дека до  денес ќе имаме одговор на барањето на Синдикатот откако претходно ќе разговара со министерот за финансии, а одлуката треба да помине на владина седница. Во Синдикатот не сакаат да коментираат за ова, само кратко комнтираа дека ќе чекаат на одговорот на Филипче во петок. „Ќе почекаме…

Read More

Советот на Синдикатот на Клинички центар по состанокот доцна попладне одлучил да чека на ветувањето на министерот Филипче дека ќе се направат напори да има покачување на платите од 10 проценти за сите здравствени работници со јануарската плата. Ова за НОВА го потврди претседателот на синдикатот Горан Беговиќ. Синдикатот утринава имал  преговори со министерот Филипче на кого му ги искажале барањата и нивниот став дека зголемување на платите треба да има за сите здравствени работници, освен за администрацијата која е во посебна програма. „Министерот Филипче рече дека има расположение за ова, го поддржа нашето барање и најави дека до среда…

Read More

Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции и за нив не важи покачувањето на платите, реагираат од Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“. Згора на се, тие велат дека за нив не нема едукации, признавање на високото образование, специјализациите. „Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги, а како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри“велат од  Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“. Тие потенцираат дека Министерството за финансии во буџетот за 2019 предвидува за 10% повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се…

Read More

Снема вакцини против грип во скоро сите градови во државата. Директорите на Центрите за јавно здравје во моментот се во Министерството за здравство каде се одржува состанок со цел да побараат нови дози на вакцини. Само два дена откако започна вакцинацијата вакцини снема во Центарот за јавно здравје во Велес. „Да точно е, се потрошија комерцијалните вакцини против грип, а преку Мој термин се веќе закажани. Одиме на состанок во Министерството за здравство да видиме дали ќе има нови нарачки. Тука се директорите од повеќето Центри за јавно здравје“, изјави за НОВА, Тони Димитриев директор на Центарот за јавно здравје…

Read More

Медицинска сестра од КАРИЛ утринава во 9 и 30 била нападната физички и вербално од семејство на пациент кој починал ноќеска. Медицинската сестра прво била нападната од мајката на младиот пациент, а потоа и од другите членови на семејството кои и удирале клоци. Сестрата била одговорна да се грижи за пацинетот во изминатите денови. По нападот, таа  веднаш била упатена во Ургентниот центар каде и била дадена прва помош. Сестрата имала повреди на раката и била вознемирана, поради што била испратена на Психијатрија. На инцидентот, му претходела  вербално расправија, бидејќи семејството на момчето одбивало телото да биде предадено на обдукција.…

Read More

Казна затвор во траење од две години за гинекологот Николче Дамчевски, одлучи Апелациониот суд Скопје со што ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 и донесе построга казна од претходната која беше 1,5 година затвор. Апелација ја потврди и забраната за вршење дејност во траењео од 8 години. Пресудата е извршна, што значи дека Дмачевски во секој момент може да замине на издржување на казната затвор. Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.…

Read More

Во писмото тие го потсетуваат министерот дека уште во март побарале тој простор кој е во непосредна близина до неонаталната интензивна нега,  да се санира и облагороди со зеленило кое ќе биде од корист и за пациентите и вработените

Read More

Делчо Арсовски управител на фирмата што ја градеше болницата тврди дека без вработени кои ќе се грижат за техничката опрема, прашање на време е кога ќе се случи трагедија, пострашна од пожарот кој изби минатата недела

Read More

Со тоа се намалени тераписките можности за спас на недоносените бебиња кои се под голем ризик, објаснува др. Снежана Рсовац, педијатар,пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград

Read More