Author: Менче Атанасова Точи

Живка Темкова од Струмица 12 години боледува од хронична миелоична лекемија, но нејзиниот лек го нема во државата.  Оваа 60 годишна жена вели дека го чека  четири  години, а сама не може да го набавува во странство бидејќи чини 4000 евра месечно. „ Лекот не сум во можност да го купувам бидејќи чини 4000 евра месечна терапија. Го добивам со мали паузи преку донации и ми го набавува претседателот на  здружението за ХМЛ, Пепо Леви.  Претходната директорка на Клиниката за хематологија ми рече „јас  ти дадов 10 години живот, што повеќе“. Кога ги слушнав овие зборови јас се ќе се…

Read More

Само 100 деца имаат достапност до хормонска терапија и оваа одлука на надлежните не е променета во последните 15 години. Неофицијално, терапија чекаат најмалку 60 деца. Лекарите чекаат некое дете да биде исклучено од терапија за да може да ја прима друго. Ова е  дискиминација кон децата на кои им се одзема правото на лекување, велат во Здружението „Раст“. “Поради ненавремено дијагностицирање  и  времето поминато на листата за чекање, некои деца не го примаат хормонот за раст, и покрај правото на лекување ,тие се дискриминираат. Овие деца ако не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања, депресии, зголемена тежина,…

Read More

Две нови операциони  сали од денеска се ставени во функција на Клиниката за максилофацијална хирургија. Едната е за поголеми интервенции со општа анестезија, а другата за помали.  Реновирана и со пријатен амбиент за пациентите е и шок собата, како и останати делови од објектот. Клиниката за максилофацијална хирургија денеска одбележува 70 години од своето постоење.  По тој повод, Клиниката од денеска ќе го носи името на творецот на модерната максилофацијална хирургија, академик Илија Васков, каде што е поставена и негова биста. Дел од опремата и хируршкиот стол  11 години стоеле неотворени и никој досега не се сетил да ги распакува…

Read More

Специјализантите по стоматологија денеска излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство. Тие бараат финансиски надоместок за нивниот труд, исто како што добиваат приватните специјализанти по медицина. Мирниот протест доаѓа по осуммесечните преговори и ветувањa дека од септември ќе почне исплатата и за нив. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=HxjvEvpJvcU „Имавме повеќе средби , ни ветуваа дека ќе добиеме надомест за нашиот труд и дека тоа ќе почне од септември. Но, на последната средба советникот на министерот ни соопшти дека пари нема“, изјави Елена Лазаровска специјализант по стоматологија. На Стоматолошките клиники приватно специјализираат 43 ца стоматолози. Тие секојдневно ги извршуваат своите работни обврски со пациенти…

Read More

Не утврден идентитетот,  ниту се знае земјата од која доаѓаат двајцата мигранти кои загинаа во Сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип, тврдат за НОВА од ОЈО.  Како што објави НОВА телата на миграните два и пол месеци се наоѓаат во капелата во Бутел и од таму никој не може да ги подигне за да се погребат, бидејќи не се идентификувани. „На починатите лица не им е утврден идентитетот, ниту земјата на потекло како би можело обвинителството да ја спроведе постапката за идентификација и да испрати ургентен допис до  дипломатско претставништво на државата од која се верува дека потекнуваат лицата, со цел идна…

Read More

Се менува Законот за лекови  за да се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови. Подносител на барањето за измени на законската регулатива е Министерството з а здравство, потврдија за НОВА од оваа институција. Предлог -законот за изменување и дополнување на лекови и медицински помагала веќе е објавен на Енер на Влада, алатка преку која преку доставување предлози, мислења и забелешки можат навремено да се вклучат засегнатите страни во креирањето на регулативата. „Да, точно е. Објавено е известувањето на Енер на Влада по што  ќе оди на проценка на регулативата, па во Собраниска процедура“, потврдија…

Read More

Иако МВР го знае нивниот идентитет, по обдукцијата тие биле заведени како непознати лица и во АД Бутел не дозволуваат да се погребаат се додека не ги идентификуваат нивните роднини Телата на двајцата мигранти кои загинаа во сообраќајна несреќа пред два и пол месеци на патот Радовиш-Штип, се наоѓаат во капелата во Бутел. Но, иако МВР го знае нивниот идентитет, по обдукцијата тие биле заведени како непознати лица. Од АД Бутел за НОВА потврдија дека телата се во капелата, но велат дека од таму никој не може да ги подигне бидејќи не се идентификувани. „Телата се тука во капелата два…

Read More

Изчезнаа телата на двајцата мигранти кои на 25 јуни годинава загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип во близина на рудникот Бучим. Повеќе од два месеца никој не знае каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата. Во невладината организација Легис велат дека не можат да ги најдат телата и да ги погребаат по муслиманските обичаи како што барале нивните семејства. „Не знаеме каде се телата , тогаш…

Read More

25 лекари специјалисти кои одговараат на телефонските повици на Ало докторе, девет месеци работат без пари бидејќи од декември минатата година Министерството за здравство не им исплатило ниту денар. Станува збор за специјалисти од кои 2/3 се вработени во Здравствениот дом, а 1/3 се пензионирани лекари кои веќе четири години се ангажирани на проектот Ало докторе, воведен во време на поранешниот министер Тодоров. Лекарите кои се обратија во редакцијата на НОВА, тврдат дека од 31 декември минатата година работат без пари, дежураат преку ден и ноќе и сето тоа без надомест за кој склучуваат договор секој месец. „ Ние работиме…

Read More

Мирсада Џуџевиќ Керими се предомисли и ја повлече претставката од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за болницата Санте Плус. Мирсада е жената која во снимен разговор за НОВА тврди дека живее во страв дека ќе и излезат цревата по три неуспешни операции во болницата Санте Плус во Турција и една во болницата во Скопје. Таа покрај обемната медицинска документација достави и фотографии од раната на нејзиниот стомак на кој веќе нема мускули туку само тенок слој на кожа поради што постојано мора да носи тврди стегнат појас кој и ги држи цревата за да не излезат. Откако ги алармираше сите…

Read More

Од времето на екс министрот Тодоров до сега таму се променија неколку фирми, а сите се жалат на начинот со кој функционирала соработката со Проектната единица на Банката за развој на Совет на Европа(ЦЕБ) преку која се градат болниците.

Read More

МВР ќе го истражува случајот со Мирсада Џуџевиќ Керими која била оперирана во болницата Санте Плус во Скопје, по три неуспешни операции од кила во Санте Плус во Турција. Ова од полицијата го побарал Државниот санитарен и здравствен инспекторат во консултација со Министерството за здравство, потврдија од ДСЗИ. Ваквата одлука ја донеле по вонредниот инспекциски надзор со кој утврдиле дека пациентката воопшто не е евидентирана дека се лекувала во болницата и покрај обемната документација што ја доставила во Инспекторатот, Владата и Министерството  за здравство. Во болницата тврделе дека воопшто не ја познаваат пациентката на која и била направена интервенцијата и…

Read More