Author: Mirjana
Во услови на глобална енергетска криза кога државите мака мачат со сопствените ресурси за нејзино производство и неизбежно купуваат од скапите берзи, Република Северна Македонија по 12 години го стави во функција ТЕЦ Неготино кој овие денови почна да ги испорачува првите киловатчасови електрична енергија. Директорот Небојша Стојановиќ во интервју за НоваТВ, вели дека моментално се произведувале околу 2.000.000 киловатчасови, и дека тоа значело задоволување на количините на електрична енергија во системот. Стојановиќ во интервјуто уште говори за тоа како е рестартиран ТЕЦ-от по цели 12 години, кој се учествувал во процесот, и заштедите што ги прави во домашниот буџет.…
Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). – Во периодот јануари – септември петте компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори за осигурување. Во износот на вкупни вложувања во животно осигурување најголемо е учеството на осигурување живот во кое е вклучена и штедната компонента. Овој осигурителен продукт со полисата за осигурување живот нуди…
ЕВН денеска соопшти дека утре од 8 па се до 15.30 часот нема да се во можност да работат семафорите во центарот на Скопје и дека тоа е поради фактот што во тој период од денот, овој дел од градот ќе биде без струја. ЈП „Улици и патишта“ го повикаа Министерството за внатрешни работи да го регулира сообраќајот,иако и тие се надлежни за регулација на светлечката сообраќајна навигација во градот. – МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од „Улици и патишта“. Читајќи ја оваа вест, граѓаните се прашуваат дали…
На денешното рочиште во судскиот процес „Плацеви на Водно“ беа изведени материјални докази од одбраната која презентираше стручен наод и мислење од вештото лице Кире Костов. Ова е второ вештачење на вештакот Костов, кој работи во областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, што го изработил на барање на одбраната, а предмет на анализа бил преносот на сопственички удел од „Сирах лимитед“ на „Орка холдинг“ и дали тоа било согласно закон, како и со кои парични средства бил платен уделот. Одбраната го праша вештакот кога е извршен преносот, а тој одговори дека на 12.08.2015 година во Централен регистар е запишана…
За време на традиционалната новогодишна конференција за медиумите, претседателот на Русија, Владимир Путин не одбегна да одговори ниту на новинарското прашање за тоа дали Дедо Мраз му ги носи подароците дома? „Мојот однос со Дедо Мраз е навистина позитивен. Му благодарам на Дедо Мраз што можам од оваа моја позиција да ви се обратам. Навистина, ја ценам поддршката од рускиот народ и се надевам дека Дедо Мраз ќе нѐ придружува, ќе биде со нас, со сите нас, не само со подароци, туку и ќе ни помогне да го направиме сето она што го сакаме. Тоа се однесува на целиот руски…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде дел од новата влада, изјави дека засега нема ништо да коментира и дека ќе донесе дополнителна одлука за сите случувања во овој дел. https://www.youtube.com/watch?v=kk437wEW4WU&t=13s
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, на која се разговараше за тековните активности на агенцијата, насочени кон промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот. На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и за предизвиците поврзани со димензионирање на буџетската рамка за нашата држава. На средбата беше разговарано за можностите за соработка меѓу агенцијата и Претседателскиот центар за политичко образование, во функција на реализација на приоритетите на програмата: инклузија и разновидност, дигитална трансформација, животна средина…
Во моментот Велика Британија регистрира над 8.000 пациенти во болница и 849 болни поврзани на респиратор. Велика Британија извести дека дошла до стадиум да регистрира над 100,000 новозаразени дневно за прв пат од почетокот на пандемијата. Околу 106.122 случаи се регистрирани во последните 24-часа што е околу 13.000 повеќе од претходниот максимум кој беше достигнат на 17 декември а изнесуваше 93.045. Регистрирани се и дополнителни 140 смртни случаи поврзани со коронавирусот. Бројките во вторникот (вчера) изнесуваа 90.629 случаи на новоинфицирани и 172 смртни случаи. Минатата среда беа пријавени 78.610 случаи на ковид-19 во тој момент највисока бројка од почетокот на…
Во услови кога државава е на 111-то место на скалата за корупција и најкорумпирана во Европа, кога се прават списоци за помилување по партиска желба на власта и кога власта со истите свои инсталации во судството не реагира за ниту една афера и криминал, евтин е театарот којшто денес го изведува Маричиќ и СДСМ, партија која ја раководат корумпирани политичари и е во нераскинлива врска со криминалот, се наведува во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелација да ја прифати гаранцијата за пуштање од притвор на Мијалков.
Одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, реагира министерот Бојан Маричиќ, откако Апелацискиот суд денеска ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра за да Мијалков излезе од притвор. „Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност. Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја…
Претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање порача дека во решавањето на спорот со Бугарија со цел одблокирање на процесот за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската унија не треба да се брза, затоа што, како што вели, кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не е секогаш најдобриот сојузник. Наместо тоа, порача Пендаровски, треба да се работи на клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани. На почеток од обраќањето Пендаровски ги повика присутните да им оддадат едноминутна почит на нашите сограѓани кои ги изгубија своите животи во сообраќајната несреќа…
Истражувањето покажало дека досега се изгубиле дури 40 % од површината на хималајскиот ледник од што добар дел по 70-тите години од минатиот век Глобалното затоплување предизвикува исклучително брзо топење на мразот на Хималаите, покажа истражувањето што е објавено во весникот Scientific Reports. Тие ледници се топат побрзо отколку во било кој друг регион , поради што на две милијарди луѓе им се заканува недостаток на вода. Во светот, само на Антарктикот и на Арктикот постои повеќе мраз отколку на Хималаите, пишуваат германската и хрватската новинска агенција ДПА и ХИНА, пренесува Ал Џезира Балкан. -Откривме дека мразот на Хималаите се…
