Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Центарот за управување со кризи , утрово соопшти дека од Романија пристигнал еден „Канадер“ и уште еден поголем авион „Херкулес“ кој ќе пристигнел околу пладне .Ова летало користело таканаречени „падобрани водени бомби“. За кусо време, како што известија, ќе бидат ставени во функција. Овие летала ќе се полнат со вода најверојатно од Преспанското езеро, со оглед на фактот што поради Унеско, не може да се полни од Охридското езеро. Покрај леталата, Романија испратила и пожарникари и други материјално технички ресурси кои ќе биле распределени каде состојбата е најкритична. Вчера, како што е познато, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, контактира со…
Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак е ставен под контрола, додека активни се огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, кај Богословец, огното во атарот на село Кадрифаково, потоа кај село Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над село Пожаране, како и на сртот кон НП „Јасен“, соопшти Центарот за управување со кризи. Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак, кој започна на 2 август, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри. До овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија…
Еден рибар од Северна Каролина на ФБ, објавил несекојдневна фотографија од рибата чие латинско име е archosargus probatocephalus, или уште како што била позната меѓу народот риба „овчја глава“. Специфично за неа е што има неколку редови големи таканаречени молари кои служат за „мелење “на пленот. И се ќе било вообичаено ако како и секогаш, Нејтан Мартин инаку редовен рибар во Негз Хед, Северна Каролина, не уловил примерок од оваа риба со полна уста заби кои потсетуваат на човекови. Оваа риба ја имало многу во овој водотек во Северна Каролина, и била прилично борбена, стои во објавата на Мартин.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9. Максималната температура ќе се движи од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Наредните денови следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде в понеделник и во вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне до 40-тиот степен
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 533.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.990 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а ревакцинирани се 425.356 граѓани. Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Планетарното затоплување предизвикано од човекот и стакленичките гасови се заканува да го колабира системот на струи во Атлантскиот Океан кои ги регулираат и влијаат на временските услови низ целиот свет, открива нова научна студија. Циркулацијата на меридијалниот пресврт на Атлантикот, или АМОК, што е дел од Голфската струја, пренесува топла вода од тропските предели кон север каде се мешаат со ладната вода и потоа струењето ја враќа водата кон јужниот Атлантик. Оваа природна прераспределба на топлина долго време беше во функција на стабилизирање на регионалните климатски и временски услови иако ,научниците низ годините, предупредуваа дека системот забавува. Така на пример,…
Во текот на ноќта пожарот во близина на селото Будимирци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно,утрово интервенираат два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион, информира Ангелов на ФБ. – Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од…
Американската амбасада во Приштина ја повика Владата на Косово „ со отворен ум“ да пристапи кон иницијативата „Отворен Балкан “насочена кон јакнење на економските и регионалните интеграции. -Владата на Косово мора да одлучи на која иницијатива да и се приклучи и кои иницијативи најдобро ги поддржуваат нејзините економски визии. Меѓутоа ја охрабруваме владата да пристапи кон регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да ги прифати решенијата кои носат резултати за граѓаните на Косово, со подобрување на врските со соседите„ пренесува Радио Слободна Европа. Амбасадата цени дека силна економска и политичка интеграција е „ од суштинско значење за…
Ако се погледне информативната мапа на одделот на НАСА за пожари во светот (FIRMS), ќе се воочи дека речиси и да нема континент кој не се соочува со огнена стихија. Што се однесува до Европа, најпогоден од пожари е источниот Медитеран, со акцент на Италија, на Шпанија, на Грција како и на Турција. Секојдневните слики и информации што до скоро доаѓаа од Италија беа застрашувачки. Само во еден момент во јужниот дел на Италија имало 800 пожари за кои во најголем број се утврдило дека биле намерно потпалувани. Сето ова покрај што претставуваше и претставува оптоварување за противпожарните служби, им…
Уште на самиот почеток на иницијативата „Оpen Balkan“ поканети се да се приклучат Црна Гора, БиХ како и привремените институции на Косово. Иницијативата останува отворена за останатите земји од Западен Балкан , а во нејзината перспективност и добробит не се сомнева ни Светска Банка, вели во интервју за НоваТВ, српската амбасадорка во Република Северна Македонија Невена Јовановиќ , на која ова и е воопшто прво интервју дадено за некој македонски медиум по стапувањето на должноста пред два месеца. – Што се однесува до отвореноста на иницијативата „Отворен Балкан“ важно е да се нагласи дека повик за придружување уште од самиот…
Јовановиќ: Р.Србија и РСМакедонија наскоро со меѓувладина комисија за малцинства Српската амбасадорка во земјава, Невена Јовановиќ во воопшто првото интервју по стапувањето на должноста која го даде за НоваТВ информира дека двете земји се согласиле и дека очекува наскоро да се формира меѓувладина комисија за малцинства, која ќе служи како дополнителна платформа за решавање на важни прашања во врска со положбата и правата на српската заедница во Северна Македонија и на македонската заедница во Република Србија. – За разлика од некои претходни периоди во кои не било на вистински начин третирано прашањето за положбата на Србите во регионот и на…
Република Србија од пред два месеца има нов амбасадор во Република Северна Македонија. Тоа е нејзината екселенција Невена Јовановиќ. Во воопшто првото интервју дадено по стапувањето на должноста, за што и е благодарна НоваТВ, Јовановиќ говори за развојот и нагорниот тренд во македонско-српските билатерални односи, за македонската заедница во Србија односно за српската заедница во РСМакедонија, за состојбите и перспективата на регионалната соработка низ новата визура на „Open Balkan“ како и за првичните впечатоци од амбасадорувањето кај нас. 1..Амбасадорке Јовановиќ, веќе два месеца сте во Република Северна Македонија. Иако е ова мал период, сепак ќе ве прашаме за вашите импресии,…