Author: Mirjana

Некогашната ,,Виa Игнатиа“ по која во минатото патувале царските писма, карваните со разно-разна стока, како и трговците и која низ времето придонесла за спојување на Истокот и Западот, до ден денешен е најатрактивната и водечка шопинг улица во Солун, задржувајќи го истото име од дамнешните времиња а со тоа и симболиката на продавањето и купувањето, на,,алаш-вериш“нагодбите од што на крајот се задоволни сите и тие што купиле и тие што продале. Стотините ,,low cost“ продавници распослани по должина од 1,2 километри, по ,,заспаноста“ за време на траењето на корона вирусот, сега како да излегуваат од зимскиот сон. Во неа денеска продолжува да се одвива животот како ништо да не се…

Read More

Вакцината штити од сериозен израз на болеста, и тоа е тоа, другото не е ни важно. Според мене, комуникацијата не е добра, на луѓето треба да им се покаже дека вреди да се вакцинираат.Не моркови и стапови, но некои придобивки дека ќе ги тргнеме маските … Зошто владата не се враќа во својата зграда, сите се вакцинирани? “ се прашувал Хрватскиот претседател Зоран  Милановиќ пред новинарите, јавува порталот Индекс.хр „Тоа беше направено погрешно од самиот почеток. Јас би поддржал задолжителна вакцинација, за парламентот да ја поддржи со двотретинско мнозинство. Човековите слободи се нарушени од самиот почеток, ова е вонредна состојба…

Read More

Австралиските власти во Нов Јужен Велс ги повикаа жителите на Сиднеј да останат дома, предупредувајќи дека сегашната тринеделна блокада може да биде продолжена доколку не се стави под контрола последниот бран на инфекции со Ковид-19, бидејќи извештаите укажуваат на најголемо зголемување на локални случаи оваа година. Стотици дополнителни полициски патроли во Сиднеј моментно спроведуваат мерки на градските власти за да се спречи ширењето на многу заразните инфекции со делта сојот, од кои сега има вкупно повеќе од 400 потврдени случаи. – Нов Јужен Велс се соочува со најголемиот предизвик од почетокот на пандемијата и моментно бројките не одат во добра…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај. На состанокот на кој присуствуваше и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правдата. Дополнително се дискутираше и за европските интеграции на двете земји, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија се во иста позиција кога станува збор за европскиот пат. -И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно…

Read More

За прв пат македонските компании имаат можност меѓу 176 земји во светот да се натпреваруваат со своите деловни достигнувања за награда која ќе им овозможи билет за директен влез во светските бизнис можности  Наградите “Go Global” се во организација на Меѓународниот трговски совет (International Trade Council) кој постои од 1956 година. За прв пат Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Invest North Macedonia е дел од доделувањето на признание на компаниите на меѓународно ниво, а директорот Дејан Павлески е еден од 14-те судии кои ќе ја вршат селекцијата на пријавените светски компании. -Агенцијата за странски инвестиции и промоција…

Read More

Од наредната недела почнува чистењето на токсичниот инсектицид линдан, кој со децении е депониран во дворот на фабриката Охис. Рокот за негова дислокација, истекува до крајот на годинава, но со оглед на фактот што експертите предвиделе дека третманот на депонијата би можел да трае и до 18 месеци , тогаш е неизбежно тајмингот да биде пробиен. Ќе се почне со дислокација прво на малата депонија, зашто во кругот на ОХИС има и голема која се претпоставува дека содржи  околу 13.000 тони линдан, кој што е покриен со околу 20.000 илјади тони земја, која досега неизбежно е и самата да се…

Read More

Поради снимање филм, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска од 16:00 до 20:00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „Козара“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи и нагласува дека сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Read More

Од Европските структурни и инвестициски фондови (ЕСИФ), до почетокот на јули, Хрватска склучи договор за финансирање на проекти во вредност од 12,88 милијарди евра, што е за 20 проценти повеќе од износот што и е доделен за периодот од 2014 до крајот на 2020 година, беше објавено од министерствата за регионален развој и фондови на ЕУ. Вкупно 10,7 милијарди евра или 81,56 милијарди куни се достапни на Хрватска од ЕСИФ за периодот 2014-2020 година. До 1 јули годинава се договорени проекти во вредност од 12,88 милијарди евра или 97,89 милијарди куни, или 120,03 проценти од доделените средства. Според соопштението од…

Read More

Под изговорот дека се помош на патиштата во Хрватска но и во останатите земји од Југоисточна Европа, многу измамници ,,ординираат“ на главните сообраќајни делници , предупредува  Германскиот автомобилски клуб ( ADAC). ,,Измамниците кои ги имаше во Унгарија и во Србија, сега се засилија во Бугарија, Хрватска и со Словенија“ стои во соопштението до членовите на клубот АДАЦ. ,,Измамниците користат возила кои се многу слични на возилата на клубовите за помош на патишта и кои со натписите на нив, потсетуваат дека се некоја од службите на АДАЦ“, се наведува во соопштението. Дури и механичарите биле облечени во комбинезони со ознаката на…

Read More

Ако некогаш во јули Грчкиот туризам го доживувал својот пик, годинава и стартот на летната сезона и седмиот месец бележат тотален крах, барем што се однесува до Халкидики која е најчесто посетувана летноодморска дестинација за македонските граѓани. Повеќе од сигурно е, велат сопствениците на ресторани и други угостителски објекти, на крајбрежјето на Пефкохори, дека уште долго немало да им се повтори 2019 година, кога грчкиот туризам доживеа приход од околу 20 милијарди евра. Во овој контекст неодамна и министерот за Туризам на Грција , Харис Теохарис изјави дека вирусот им ги поматил сметките. ,,И покрај сите мерки и подготовки, туристите…

Read More

Научниците кои долги години работат врз ДНК на големиот Ренесансен уметник Леонардо Да Винчи, создавач на култната слика на ,,Мона Лиза“, се многу блиску до потврдата на генетската основа за талентот на уметникот.Откриено е дека Да Винчи  има 14 живи машки роднини, изјавуваат аналитичарите на неговото семејно стебло.Очекувањата се овие 14 живи роднини, еден ден да им помогнат на истражувачите да утврдат дали коските од Француската Капела му припаѓаат на италијанскиот генијалец. Историчарите Алесандро Вецоси и Агнезе Сабато поминаа повеќе од една деценија трагајќи по семејното стебло на славниот сликар. Нивната мапа се протега на 690 години, 21 генерација и…

Read More

Центарот за предвидување на временските услови на САД, месецов го регистрира најголемото,,откинување“ на зрак од Сонцето. Феноменот е откриен на 3 јули и е назначен како класа ИКС3 (Х3). Истражувачите на центарот ги мерат интензитетите на сончевите одблесоци на размер, со тоа што од класата А се најмали , а одблесоците од класата Х се најголеми . Одблесокот од 3 јули научниците го класифицираа како Х1, што е најголема категорија сончеви одблесоци. Сончевите одблесоци се големи ерупции на зрачење на површината на сонцето , изјави Бил Муртаг , координатор на програмата на американската SWPC. „Зборуваме за енергетски еквивалент на експлозија…

Read More