Author: Mirjana

„Годинава фестивалот ќе трае подолго, ќе трае осум дена и ќе изобилува со програми. Годинава имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата… Годинава имаме добитник, симболот на „Браќа Манаки“, имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл кој е снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл, и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер…

Read More

Британец освоил рекорден џек-пот од 195 милиони фунти на лотаријата „Евромилионс“ (EuroMillions). Ова е најголемата добивка во историјата на лотаријата, а претходниот рекорд беше 184 милиони фунти – од мај оваа година, објави операторот „Камелот“. Добитните броеви на извлекувањето вчеравечер беа 6, 23, 27, 40, 41, 2 и 12. Извлекувањето на „Евромилионс“ се одржува двапати неделно – вторник и петок, а се игра во 13 европски земји. На вчерашното извлекување беа доделени вкупно 195.707.000 фунти

Read More

Анархистичката група „Илјадници сонца на ноќта“ ја презеде одговорноста за поставениот импровизиран експлозивен механизам што минатата среда предизвика пожар во зградата во Атина на групацијата „Real“,каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“. Во опширниот текст објаснуваат дека причината за нападот е двегодишнината од смртта на 26-годишното момче, кое според медиумите во Грција, им подлегнал на повредите во 2020 година откако бил претепан од полицајци. Групата која ја презеде одговорноста во опширниот текст, детално го опишува нападот, ѝ се извинува на вработената во радиото „Real fm“, која беше полесно повредена и велат дека нивната цел…

Read More

Штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги  (УВМК)  останува во мирување. На денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК. На 15 јуни беше потпишан колективен договор со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е…

Read More

Измамена е кавадарчанка, на која лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот го пријавила  во полиција. „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка. Како што е пријавено, лицето и побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија,…

Read More

Иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците, а постојат и таканерачени “агенти“ кои вршат достава на пастрмка до дома. Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни  размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Се почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастрмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза. Најдобар пример за состојбите со популацијата на пастрмката може да се види од една акција…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД-19. Сликата по градови е следна:  Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевгелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар –…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Вечерва од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)…

Read More

Со инвестиција од 200 милиони евра ќе продолжи изградбата на пругата на Коридорот 8 и ќе се реконструира дел од пругата на Коридорот 10. Трите договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, денеска ги потпиша директорот на ЈП „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец со компаниите „Штрабак“ и „Ѓулермак“. Првиот договор во вредност од 4,8 милиони евра, потпишан со фирмата „Штрабак“, предвидува реконструкција на делот од пругата на Коридорот 10 од Ногаевци до Неготино…

Read More

 ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место. Причина за расправата меѓу возачот и патникот наводно било невклученото ладење во автобусот.

Read More

Независниот пратеник не по своја волја, како што вели, Кастриот Реџепи гласаше за заклучоците поврзани со францускиот предлог за преговарачка рамка со ЕУ. Со ова и на дело ја демонстрира својата про ЕУ – ориентација, што му беше клучен мотив, како што објаснуваше, во ноември минатата година да застане на страната на парламентарното мнозинство. Реџепи во интервју за НоваТВ, вели „во важни моменти секогаш се наоѓале пратеници што  ќе гласаат државнички“ прашан да коментира како власта ќе обезбеди 2/3 мнозинство за Уставните измени. Реџепи го прашавме и за тоа кој му овозможи засолниште во тие клучни моменти околу пребројувањето на…

Read More