Author: Mirjana

Ве известуваме дека е отпочната постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија.Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, информира Министерството за правда.  Хрватот Даниел Иванагиќ,  управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“, по кого беше распишана меѓународна потерница бил уапсен вчера на…

Read More

Американската администрација за храна и лекови ја дозволи  вакцината Covid-19 на Новавакс за итна употреба кај возрасни. Тоа е четврта вакцина против коронавирус достапна во Соединетите држави и користи различен тип на технологија за вакцини од веќе достапните вакцини. Вакцината на Новавакс ќе биде достапна како примарна серија со две дози за луѓе од 18 години и постари. Независниот советодавен комитет за вакцини и сродни биолошки производи на FDA гласаше за одобрување на вакцината на 7 јуни, со став  дека придобивките од вакцината ги надминуваат нејзините ризици за возрасните.

Read More

Северна Кореја ја призна независноста на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), изјави денеска лидерот на ДНР Денис Пушилин, додавајќи дека тоа е „уште една победа на дипломатијата“ за таа територија. Северна Кореја ја призна и Народната Република Луганск, потврдија за странските медиуми од амбасадата на земјата во Москва. „Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Ова е уште една победа на нашата дипломатија – објави Пушилин на Телеграм, а пренесуваат странските медиуми. Според неговите зборови, оваа одлука ќе биде „основа за натамошен развој на односите во економската сфера“. „Благодарни сме на народот на Северна…

Read More

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг денеска прогласи вонредна состојба во целата земја и полициски час во одредени области, откако претседателот Готабаја Рајапакса утрово побегна на Малдивите, поради масовните протести предизвикани од економската криза на островот. „Премиерот како вршител на должноста претседател прогласи вонредна состојба низ целата земја и воведе полициски час во западната провинција кој стапува на сила веднаш“, изјави владин претставник за Ројтерс. Состојбата во Шри Ланка денеска беше драматична. Полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои влегоа во премиерската палата на Фловер Роуд и ја демолираа,  јавува Би-Би-Си. Илјадници луѓе се собраа на главното место за протести во…

Read More

И покрај помалиот број на напади, ризикот од тероризам во Европската унија е сè уште висок, се наведува во извештајот на Европол. Најголемите терористички закани за Европа доаѓаат од екстремните исламистички и екстремно десничарски организации, но континентот е загрозен и од последиците од војната во Украина, како и од акциите на противниците на антиепидемиските мерки, се наведува во извештајот. Минатата година истражителите регистрираа 15 терористички напади во земјите на ЕУ, вклучувајќи неуспешни и спречени обиди, што е значително помалку од 57-те напади во 2020 година.

Read More

Џип со норвешки регистерски ознаки, оставен на сред улицата „Прашка“ во населбата Тафталиџе ,  покрај што го попречуваше сообраќајот, го привлече вниманието на минувачите но и на полицијата.  Возилото било дотолку „мистериозно“ што било без ниту еден човек во него ни на возачкото седиште ниту на совозачкото или на задните седишта. Граѓанинот што ни ја испрати фотографијата, вели дека џипот подолго време стоел на улицата во оваа позиција со вклучени трепкачки светла.  Засега не е позната причината зошто џипот со норвешки регистерски ознаки бил оставен „сам“ на сред улица. Со оглед на таблиците редно е да исклучиме отсуство на сообраќајна…

Read More

Процесот на сукцесија и по три децении од распадот на поранешна СФРЈ се уште не е целосно завршен а еден од тие несукцесирани сегменти се и архивските материјали. По тој повод деновиве во Државните архиви на Република Хрватскиот и на Република Словенија во работна посета, престојуваше директорот на Македонскиот Државен Архив , Емил Крстески. Во разговорите со првите луѓе на Хрватскиот и на Словенечкиот архив Динко Чутура и Бојан Цвелфар, најголем простор, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија Емил Крстески, отстапил точно за  за процесот на сукцесија на архивскиот материјал од поранешна СФР Југославија, што бил еден од…

Read More

Првиот човек на ТИРЗ Јован  Деспотовски ги презентира активностите како и резултатите и ефектите од нив за првата половина од годинава во технолошко-индустриските развојни зони. „Имаме значително покачување на бројките во делот на извозот во првите 6 месеци или во првото  полугодие од годинава  со износ од  1 милијарда  717 милиони евра што е поголем за 11,5 отсто  од истиот период  лани. Раст бележи и увозот кој за првите 6 месеци во областа на зоните ТИРЗ  изнесува  1 милијарда и 600 милиони евра  или за  4,3 отсто повисок увоз споредбено со истиот период лани, нагласи Деспотовски. Како дополнителен показател кон…

Read More

Како 80-та седница, за в четврток во 13.00 часот е закажана пленарката за францускиот предлог односно предлог преговарачката рамка со ЕУ.  Седницата е закажана со единствена точка на дневен ред „ Информација од Владата на РС Македонија за францускиот предлог за европските интеграции“. 

Read More

Владата денеска, според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција, на 30 јуни 2022 година. Документите се доставени до сите пратеници, информира Кабинетот, на претседателот на Собранието Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска  изјави дека  вчера  вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на координација им ветил дека ќе побара од МНР да достават дополнително материјали. „За жал немаме никакви дополнителни материјали. Очигледно сме на различни фреквенции…

Read More

Министерството за здравство информира дека од направени 1.489 тестови регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19, последното деноноќие. Над половина од бројот на новозарзени се регистрирани во Скопје 276. Бројот во другите градови е следен:  Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1. Од вкупниот број на…

Read More

52 годишниот Марк Мекган , ирски лобист и своевремено две години главен службеник за односи со јавност во „Убер“ е свиркачот кој му испрати на весникот „ Гардијан“ 124.000 документи кои ги сочинуваат „ Датотеките на Убер“. Откако работеше со години како човек во сенка и лобист, тој избра да стане свиркач и целосно ја презема оваа улога откривајќи го својот идентитет дури денес. 52 годишниот Марк Мекган, поранешен офицер за лобирање на „Убер“ за Западна Европа, Африка и Блискиот Исток, е човекот кој на британскиот дневен весник „The Guardian“ му ги пренесе стотиците илјади пораки и внатрешни документи  кои…

Read More