Author: Mirjana

Британскиот принц Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за коронавирусот, изјави неименуван извор од кралското семејство. Како што се наведува кралицата нема симптоми на коронавирусот, јави Би-Би-Си. Принцот Чарлс утрово доби позитивен тест на коронавирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19. Неговата сопруга, војвотката од Корнвол Камила, денеска била негативна на коронавирусот, соопштија од британската кралска резиденција Кларенс Хаус. Принцот Чарлс (73) последен пат имаше Ковид-19 во март 2020 година, а и тогаш имал само благи симптоми. Кларенс Хаус потврди дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати,…

Read More

Успех на Владата е зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, тоа беше во програмата на СДСМ на предвремените парламентарни избори, тоа беше преточено и во владината програма, тоа го ветивме и го остваруваме, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија. Каевски нагласи дека партиски став на ВМРО-ДПМНЕ е дека покачувањето на минималната плата не е потребно, тој став го имаше и која Владата предводена од СДСМ ја покачи платата од 9.000 на 15.000, но и сега кога се зголемува на 18.000 денари. Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ прави се,…

Read More

Постапувајќи по жалба поднесена од Мери Ковачевска на 25 .12.2021 година за текстот насловен „ Колапсот на РЕК Битола“ објавен од порталот „Буревесник.нет“ (www.burevesnik.net)  во која, подносителката на жалбата  наведува дека текстот содржи неточно и нефер известување, незастапена втора страна, мешање на факти и мислење, вест и коментар, нарушување на приватноста и пристрасност и неурамнотеженост во информирањето и дека Кодексот на новинарите е прекршен во членовите 1, 4, 5, 7, 8, 13 и 16, жалителката Мери Ковачевска, цитирајќи повеќе пасуси од оспорената содржина, посочува дека во текстот на „Буревесник“ биле содржани тешки клевети и лаги кон неа како граѓанин, мајка…

Read More

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „Порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград. Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари или околу 250.000 евра , соопштија од Царинската управа на Србија. Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „Порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. Тој патувал во друштво на…

Read More

Република Северна Македонија отиде во правец на „демократија со слабости“ стои во најновиот извештај на магазинот „Економист“ каде се оценува индексот на демократија во светот за 2021 година. Нашата држава повеќе не е „хириден режим“, во Извештајот за демократија за минатата година, земјата на глобално ниво е рангирана на 73 место и е во групата „демократии со слабости“. На скалата на земји од регионот во Источна Европа, рангирани сме на 15 место. Извештајот на Економист содржи пет категории кои се оценуваат, Северна Македонија има најдобра оцена во категоријата „изборни процеси и плурализам“, со оценка од 7.42 и во „граѓански слободи“…

Read More

Одделението во Тетово на Државниот Архив на Северна Македонија денеска одбележа 60 години од основањето. Беше организирана изложба со фотографско претставување на најзначајните документи кои ги поседува одделението како и промоцијата на публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“. -Зграда во која е сместено одделението постои од 1929 година, а Архивот почнал да работи во 1962 година. Претставува регионален архив за Полог, пораншени општини Тетово и Гостивар. Единствен орган од ваков вид со евиденција на 279 иматели на документи од државни управи, државни служби од образование, стопанство, верски институции…

Read More

На 09.02.2022 во 01.40 часот во околината на с.Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица – мигранти (16 од Индија и 3 од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале  дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која откако ја прифатиле имале намера да ја пренесат во Република Грција. За случајот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица…

Read More

Заврши привремениот престој во Северна Македонија за нова група од 39 граѓани на Авганистан. Претпладнето од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Се работи за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка. Во рамките на спасувачката мисија, во Северна Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им…

Read More

Денеска во македонското Собрание на дневен ред се измените на Законот за минимална плата предложен од Владата предводена од СДСМ. Минималната плата се зголемува од 15.200 на 18.000 денари, што значи над 80.000 работници ќе добиваат по 45 евра повеќе секој месец. Тоа е двојно поголема минимална плата во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари. Официјалните податоци покажуваат дека во 2014, вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Тоа значи дека за 9 отсто е зголемена вредноста на синдикалната кошница за седум години, поради повисоки цени, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100%.…

Read More

Со издавачкиот печат на „Матица македонска“  излезе ново дело насловено како „Зад нас“ потпишано од авторот Наташа Андреевска – главен уредник на Македонското радио-Радио Скопје. Како што соопштија од издавачката куќа, книгата е збирка на колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет. -Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС, се наведува во соопштението. Инаку, Наташа Андрееска во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската…

Read More

Oдлуката за покачување на „минималецот“ и негово позиционирање на 18.000 денари наидува на позитивни одгласи не само кај трипартитните партнери Владата, ССМ и работодавачите, туку и од страна на економските експерти. Еден од нив, професорот Зоран Ивановски од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент (УТМС) , за НоваТВ, договорот го оценува за добар и нешто со што ќе се подобри стандардот на оваа категорија на работници, особено ако се има во предвид порастот на цените и растот на инфлацијата во земјата. – Овој договор има неколку важни апсекти, прво е подобрување на стандардот на околу 80.000 корисници на…

Read More

Иницијативата за Заеднички Регионален Пазар (ЗРП) за шесте земји на Западен Балкан претставува чекор напред кон продлабочување на регионалната економска интеграција која започна со ЦЕФТА2006 и треба да кулминира со интеграција на земјите на Западен Балкан во Европската Унија. Целта на иницијативата е да се искористат бенефитите од проширување на пазарот и зголемување на квалитетот на производите и услугите правејќи го регионот поатрактивен за странските инвеститори. Сепак, пред реализацијата на новиот Акциски план за заеднички регионален пазар 2021-2024, остануваат неодговорени неколку клучни прашања: ЗРП иницијативата се базира на правилата и принципите на ЕУ, но до која мера ЗРП иницијативата помага…

Read More