Author: Sashko

Петтиот бран на пандемијата на коронавирус во Јапонија исчезна, речиси, преку ноќ, што оправдано предизвика чудење кај многу научници. Некои од нив мислат дека делта сојот мутирал до ниво на сопствено уништување. Четвртиот бран во Јапонија кулминира во август со повеќе од 23.000 случаи на ден, а тие бројки од неодамна се околу 170. Значителниот пад многумина го припишуваат на високата стапка на вакцинација и прифаќањето на јавноста дека мора да се носат маски. Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе во Азија го имаат ензимот APOBEC3A, кој ги напаѓа РНК вирусите, вклучително и ковид-19, во споредба со други луѓе во Европа…

Read More

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан упати драматично предупредување до сите германски граѓани и ги повика што поскоро да се вакцинираат против коронавирусот. Германците до зима ќе бидат вакцинирани, излечени или мртви, рече министерот на прес-конференција. Поради зголемениот број на новозаразени, Германија се подготвува да ги заостри мерките против коронавирусот, по примерот на соседна Австрија. Иако е свесен за тежината на неговите зборови, Шпан вели дека тоа е многу реално сценарио. Можеби звучи цинично, но тоа е вистина. Со многу заразна делта варијанта, тоа е многу, многу веројатно и затоа препорачуваме вакцинација што е можно поскоро, рече министерот. Во претходните…

Read More

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека затворањето во Австрија е „ужас и катастрофа“ и дека Хрватска е попаметна од Австријците. Милановиќ пред медиумите ја коментираше и неговата изјава дека мерките во Австрија се фашизам. Во таа прилика тој рече: „Значи овие одлуки не ги носи ниту една наука, нема заговор, нема пеколен план да нè уништи… Ова е импулс што доаѓа од некаде. Австрискиот претседател е мој пријател, се извинувам за изјавата дека „таму се случува фашизам“. Тој е либерален и земја што го избрала толку либерален и „зелен“ не може да биде фашистичка. Но, некои политичари се однесуваат инертно,…

Read More

При удар на гром рано утрово на Јадранско море, кај Гребаштица, смртно настрада 61 годишен маж, потврдија од полицијата во Шибеник. Полициски извори истакнаа дека утрово во 6:32 часот е примена дојава дека едно лице што се наоѓало во брод на море го удрило гром. Второто лице на возраст од 62 години кое, исто така, било на бродот е превезено на преглед во болницата во Шибеник.

Read More

Бустер дозата одлично ги штити вакцинираните од заболување, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција, изјави првиот човек и основач на германската компанија „Бајонтек“, Угур Шахин. Тој смета дека во иднина ќе биде доволна годишна ревакцинација против коронавирусот. Шахин за германски „Билд“ изјави дека сегашната бустер доза ја зголемува заштитата, која со тек на време се намалува, и рече оти очекува да трае подолго одошто беше случај со двете дози. Следната ревакцинација потоа може да биде потребна само еднаш годишно, како вакцина против грип, објасни тој. Шахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот…

Read More

Обединетите Нации (ОН) предупредуваат на тешки последици од евентуален колапс на авганистанскиот банкарски систем. Економската цена од колапсот на банкарскиот систем, со неговите придружни негативни социјални последици, би била огромна, се наведува во денеска објавениот извештајот на Програмата за развој на ОН (УНДП). Колку подолго е потребно за обновување на финансискиот и банкарски систем, толку подолг ќе биде периодот на опоравување поради последователниот недостаток на доверба од гледна точка на меѓународните пазари. Оваа ерозија е тешко да се поправи и може да трае со децении, се посочува во извештајот. ОН соопштија дека заштитата на барем дел од комерцијалниот банкарски систем…

Read More

Австрија од денеска воведе нов, четврти, локдаун, во насока на запирање на ширењето на коронавирусот. Затворањето е воведено бидејќи просечната смртност од ковид-19 се зголеми за тројно во последните недели, а дел од болниците предупредија оти нивните одделенија за интензивна нега го достигнуваат максималниот капацитет на искористеност, пренесува агецијата „Анадолија“. Забраната за движење ќе биде на сила најмалку 10 дена, но може да биде продоложена и на 20, порачаа официјални лица. Луѓето ќе може да излезат од нивните домови само за одредени причини, како набавка на намирници, посета на лекар или на вежбање. Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека ќе…

Read More

Цената на гасот во берзанските тргувања во Европа денеска падна под 1.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на берзата ИЦЕ. Цената на декемвриските фјучерси на ТТФ јазолот во Холандија падна на 993 долари за 1.000 кубни метри гас, односно на 85 евра за мегават/час, врз основа на моментниот однос евро/долар. Вкупниот пад на цената на гасот во Европа на берзата ИЦЕ изнесува 2,4 отсто од почетокот на денот.

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод 22 ноември, Ден на албанската азбука, кој, како што наведува, е исклучително значаен празник за албанската заедница. Денот на албанската азбука е празник со кој што се слави унифицираната азбука, јазикот и писменоста како катализатори на интелектуалното, културното, образовното и секако политичкото издигнување на Албанците, меѓутоа воедно и празник кој има свој значаен удел во највисоките цивилизациски вредности на човештвото, рече Џафери. Јазикот, наведува Џафери, е толку богат и толку вреден колку што се говори правилно, се пишува правилно, се преведува и шири низ светот со должното внимание и индивидуална и…

Read More

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи повика милиони Американци кои веќе биле целосно вакцинирани против коронавирус да примат и трета доза за да одржат оптимална заштита од вирусот. Според податоци од владините Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони досега добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе се невакцинирани. Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека „нема нејаснотии“ кога станува збор за потребата да се прими трета доза поради намалената ефикасност на првите дози…

Read More

Од денеска во Австрија почнува четвртиот локдаун поради пандемијата на коронавирус, со што земјата стана првата западноевропска земја што повторно воведе драстична и непопуларна мерка оваа есен. Повеќето места каде што се собираат луѓето, како ресторани, барови, театри и продавници, ќе бидат затворени на 10 дена, а Владата соопшти дека заклучувањето може да продолжи и 20 дена. Ќе мора да се затворат и божикните саеми кои привлекуваат голем број туристи, но скијачките центри остануваат отворени за вакцинираните. Хотелите ќе се затворат, но ќе останат отворени за оние кои останале во нив пред заклучувањето. Ова е ситуација кога треба да реагираме…

Read More

Вечерва, во рамки на 46-то издание на Младинскиот отворен театар (МОТ), се три претстави во изведба на „Локомотива – Скопје“, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев  (С. Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) и „Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени“ („DOWL“) на Соња Преград (Хрватска). „Силата на С“ е во авторство, режија и кореографија на Александар Георгиев во соработка со Жана Пенчева од Бугарија и Дарио Барето Дамас од Шпанија. Улогите ги толкуваат Дарио Барето Дамас, Жана Пенчева и Александар…

Read More