Author: Sashko
Бомбашот-самоубиец кој активира експлозив во такси во неделата во Ливерпул, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција. Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад ал Свелмин (32) кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница за време на комеморација на жртви од војната. Тој во Британија имал статус на барател на азил кој го прифатил христијанството. Таксистот кој го заклучил во возилото е полесно повреден. Полицијата за борба против тероризмот соопшти дека Емад ал Свелмин изнајмил стан во Ливерпул во април и почнал да купува делови за експлозивната направа што…
Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува до средината на декември да се гласа буџетот за наредната година, но не може да предвиди дали прво ќе биде донесен буџетот или новата реконструирана Влада. Има конструктивна дискусија за Предлог-буџетот за 2022 година, за чие донесување има утврдени законски рокови. Не можам да предвидам што попрво ќе се случи, дали носењето на буџетот или изгласување на новата реконструирана Влада. Но, доколку продолжи дебатата каква што е во првите два дена, се очекува во првата половина на декември да се изгласа буџетот. Мислам дека сите се свесни од аспект на значењето на донесување на…
Вашингтон од следната недела ќе ја укине мерката за задолжителното носење на маска во затворен простор, соопшти денеска градоначалничката, Мјуриел Боузер. Од понеделник се укинува обврската за носење на маска во затворен простор во Вашингтон, рече таа на денешната прес-конференција. Приватните компании може да продолжат да бараат носење на маска и таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата, во библиотеките, во домовите за стари лица, како и во некои јавни згради. Главниот град на САД на крајот на јули воведе задолжително носење на маска за вакцинирани и невакцинирани лица, поради зголемениот број на инфекции поврзани со делта сојот на…
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва на Националната арена во Скопје загуби од Франција со 0:1 во квалификаците за ЕП 2023. „Триколорите“ до победата стигнаа со голот на Калулу во 75. минута. По шест кола во групата Х, избраниците на селекторот Драган Канатларовски се на третата позиција со шест бода, додека Французите се лидери со 16.
Со 65% вакцинирани граѓани, Австрија дефинитивно не е на дното на светската скала за вакцинација, но сепак е првата земја која воведе ригорозни мерки за невакцинираните. Заклучувањето на невакцинираните во голема мера ги искомпликува животите на многу австриски граѓани. Од вчера не смеат нигде освен во продавница во која се продаваат основни производи. Покрај купувањето на намирници, тие можат да посетат лекар, да одат во аптека или на работа, а можат да добијат и посебна дозвола да се движат по улица, доколку чуваат повозрасна или изнемоштена личност. Во сите други случаи, тие се осудени да останат во своите домови. Како…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва во Халкида, го совладаа АЕК со 30:27 (полувреме 16:13) во натпревар од групата Д во Лига Европа на ЕХФ. Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со осум погодоци. По три кола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментот е на третото место на табелата во Д групата, АЕК по денешниот пораз остана на четири бода и на втората позиција, колку што има и лидерот Спортинг Лисабон, но португалскиот претставник има и натпревар помалку.
Вчеравечер, недалеку од границата со Белорусија, беше погребан 19-годишниот Сириец, Ахмад Ал Хасан. На погребот, кој се одржа под превезот на ноќта, присуствуваа неколку членови на локалната муслиманска заедница, но не и членови на неговото потесно семејство. Церемонијата, поради околностите во кои беше извршена, не наликуваше на муслимански погреб. Трошоците ги плати локалната заедница со образложение дека тоа било нивна должност. Телото на Ахмад го пронашле припадници на полската полиција во саботата, а било наведено дека се удавил во реката Буг што ја дели Полска од Белорусија. https://www.youtube.com/watch?v=vubhMqIexbk Се верува дека покрај Ахмад, во оваа мигрантска криза, која е сè…
Земјотрес со јачина од три и пол степени според Рихтеровата скала, вечерва во 18:36 часот беше почувствуван од населението во југозападните делови од земјава. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 80 километри југозападно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Кичево.
Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разгледува нови мерки за спречување на ковид-19 кои директно ќе се однесуваат на невакцинираните граѓани, најави министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Канал 5. Конкретни предлози, истакна тој, ќе бидат проследени до Владата. Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните оти, како што нагласи, тие најмногу ги оптоварувале болниците. Болничкиот систем во моментот е најмногу оптоварен со невакцинирани пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимската сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога…
Мигрантската криза на белоруско-полската граница одново ескалира. Забележани се 2.000 мигранти од кои 600 жени и 200 деца дека се преселиле од белоруските шуми на граничниот премин Брузги-Кузница во обид да ја влезат во Полска за да стигнат до Германија, пишува „Си-Ен-Ен“. Бројка од 2.000 луѓе, меѓу кои 600 жени и 200 деца, сега се наоѓаат на граничниот премин Брузги-Кузница што ја дели Белорусија од Полска, соопштија белоруските власти. Во шумите, на ниски температури, има и многу мали деца и бебиња. Мигрантите, од кои повеќето доаѓаат од Блискиот Исток и Азија, се обидуваат илегално да минат во Полска, а оттаму…
Благ пад на ковид бројките: Србија со 3.487 нови случаи и 57 починати пациенти за последните 24 часа
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани нови 3.487 случаи на ковид-19 од 15.764 направени тестови, починале 57 пациенти, а 266 пациенти се приклучени на респиратор. Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек изјави дека „состојбата е сè уште загрижувачка, без оглед на охрабрувачките вести оти по девет недели е забележан пад на бројки, но немаме многу импресивни аргументи што ќе ни овозможат да се опуштиме“. Нема опуштање, потребна е претпазливост, вирусот е таму, нашата недисциплина му олеснува да најде незаразени луѓе и да преживее, му овозможува да мутира, што може да биде многу непријатно, вели Џерлек. Џерлек…
Шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борељ вели дека фокусот на денешната средба на министрите за надворешни работи ќе биде Западен Балкан, поточно БиХ и дијалогот меѓу Белград и Приштина. Пристигнувајќи на состанокот на Советот на ЕУ, Борељ оцени дека во БиХ има „тенденции кои го поткопуваат единството на земјата и го оштетуваат нејзиниот европски пат“. Генерално, ситуацијата на Западен Балкан не е добра, оцени Борељ. Во работниот документ подготвен од Европската служба за надворешна политика се наведува дека целокупната „атмосфера околу дијалогот меѓу Белград и Приштина е сè уште комплицирана“, се наведува дека „нема напредок во последните…