Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Македонските фудбалери, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски за подготовките и натпреварите на репрезентација против Ерменија (11 ноември) и Исланд (14 ноември) во рамки на квалификациите за Светското првенство 2022. Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда (задна ложа) излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство. Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца,…
Унгарскиот спортист Жолт Синка со заби повлече тенк од типот Т-72 што е тежок преку 40 тони. Настанот од касарната на 25-та бригада „Ѓерѓ Клапка“, опремена со тенкови Т-72 и Леопард 2А4ХУ во живо го пренесуваа локалните телевизии. Стоејќи пред тенкот, Жолт стави јаже во уста, го пристисна со забите и повлече и го помести тешкото воено возило. https://www.youtube.com/watch?v=wPKW38R7X1g Ова, сепак, не е најголемо достигнување на „унгарскиот Попај“. Жолт во 2013 година со заби повеќе и авион тежок 50 тони.
Министерот за надворешни работи на Тувалу, Симоне Кофе, во видео обраќање што ќе биде прикажано на Самитот за климатски промени на Обединетите Нации (ОН) во Глазгов, одржа говор стоејќи до колена во море, со завратени ногавици и на тој начин сакаше да прати порака за горливиот проблем – дека неговата островска држава во Пацификот се наоѓа на првата линија на загрозени земји со климатските промени. Фотографиите со Симоне Кофе, кој сакаше да привлече внимание на борбата на Тувалу против растот на нивото на морето, набрзо ги преплавија социјалните мрежи. Во видео пораката, Кофе укажува на реалните животни ситуации со кои…
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 1.242 случаја на ковид-19, па вкупниот број во земјата сега изнесува 29.265. Меѓу нив, 1.888 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а на респиратори се приклучени 246. Хрватска за изминатото деноноќие пријави и 46 починати лица. Од 25 февруари лани, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, до денеска се евидентирани 502.569 заболени лица од кои 9.546 починаа, а 463.758 оздравеа.
Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер вети дека компанијата ќе почне да испорачува гас во Европа, веднаш штом ќе ги наполни руските магацини. „Газпром“ има подземни складишта за гас во Европа, вклучувајќи ги Австрија и Германија. Обемот на гас во тие подземни складишта во моментот е незначителен, многу, многу мал, нешто помалку од 190 милиони кубни метри гас, рече Милер. Цените на гас во Европа се зголемија за повеќе од трипати од почетокот на годината, а европските политичари постојано изразуваа сомнеж во Москва, велејќи дека „Газпром“ намерно ја затвора чешмата за да ги принуди земјите од ЕУ да го одобрат…
Најмалку 89 лица, вклучувајќи и 17 деца, се позитивни на вирусот Зика во индискиот град Канпур, соопштија тамошните здравствени власти. Вирусот Зика што го пренесуваат комарци, за првпат беше откриен во 1947 година, а размери на епидемија достигна во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња се родија со микроцефалија, нарушување што предизвикува раѓање на бебиња со мали глави и неразвиен мозок. Имаме зголемување на бројот на заболени со вирусот Зика и здравствените власти формираа неколку тимови за сузбивање на ширењето на болеста, изјави доктор Непал Синг, главен медицински службеник на дистриктот Канпур, за „Ројтерс“. Првиот случај на вирусот Зика…
Слаб земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран во централниот дел на Албанија, а вибрациите на тлото се почувствувале и во Тирана. Епицентарот на земјотресот ил на 16 километри од Елбасан, пренесува „Еј-Би-Си“. Колку за потсетување, во изминатиот период во Албанија се почувствуваа серија земјотреси од кои најсилен беше оној на 21 септември. Еден степен послаб земјотрес е почувствуван рано утрово и во околината на Ивањица. Потресот е регистриран во 4:17 часот, објави Сеизмолошкиот завод на Србија. Во соопштението се смирува јавноста бидејќи како што се наведува „земјотреси со јачина од два степена не би требало…
Раководството на аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека е согласно на понуда од 17,5 милијарди долари на австралиски инвестициски конзорциум за преземање на менаџирањето што доаѓа по само неколку дена од повторното делумно воспоставување на меѓународни патувања. Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance), конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови, и им препорача акционерите да гласаат „за“. Алијансата понуди 8,75 долари по акција или 23,6 милијарди австралиски долари (17,5 милијарди американски долари), откако сите понуди во последните месеци беа одбиени како премногу ниски. Денешното соопштение е кулминација на повеќемесечниот…
Над 45 милиони луѓе во 43 држави во светот се наоѓаат на раб на гладување, а несигурноста меѓу луѓето за тоа дали ќе биде обезбеден наредниот оброк нагло се зголеми низ светот, предупреди Светската програма за храна (WFP). Скокот од 42 милиони на почетокот на годината на 45 милиони луѓе во опасност од глад денес е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим. Десетици милиони луѓе се наоѓаат на раб на егзистенција. Судири, промена на политика и ковид-19 го зголемија бројот на гладните. Цените на…
Двата блока на РЕК Битола од утрово се во прекин и Комбинатот во моментот не произведува струја што значи дека земјава се снабдува со електрична енергија од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Еврппската енергетска мрежа, пренесува ТВ Телма. Најновата ситуација во РЕК Битола доаѓа по три дена од пожарот кој направи сериозни оштетувања на трансформатор на третиот блок. Огнот набрзина беше изгаснат, инцидентот мина без човечки жртви, а ЕСМ преку соопштение порача дека Блок 3 нема да се користи за производство на струја и оти се работи на брзо рестартирање на Блок 2. Повеќе детали за…
Австралија денеска соопшти дека ќе продолжи да продава јаглен „во децениите што доаѓаат“, откако се откажа од пактот за постепено укинување на загадувачките фосилни горива за запирање на катастрофалните климатски промени, јави „Бгнес“. Повеќе од 40 земји, за време на климатскиот самит на ОН КОП26 во Глазгов, ветија дека наредните децении ќе ја укинат употребата на јаглен. Самитот се одржува со цел да се ограничи глобалното затоплување на Земјата од индустриската револуција на 1,5-2,0 степени Целзиусови. Австралија, заедно со некои други големи корисници на јаглен, како што се Кина и САД, не се приклучија кон договорот. Многу јасно кажавме дека…
Полицаец е нападнат со нож во Кан, при што се здобил со неколку убодни рани, соопшти утрово францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дармани. Тој на Твитер дополни дека напаѓачот во инцидентот е неутрализиран. Телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори, јави дека напаѓачот отворил врата на полициско возило што се наоѓало пред полициска станица и со нож прободел полицаец кој седел зад воланот, пренесува „Ројтерс“. Напаѓачот притоа се обидел да нападне и друг полицаец во возилото, но нивни колега пукал и тешко го ранил напаѓачот.