Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се откажа од пактот за укинување на загадувачките фосилни горива: Австралија ќе продолжи да продава јаглен и во наредните децении

0
By Sashko on November 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 8, 2021 09:24

Австралија денеска соопшти дека ќе продолжи да продава јаглен „во децениите што доаѓаат“, откако се откажа од пактот за постепено укинување на загадувачките фосилни горива за запирање на катастрофалните климатски промени, јави „Бгнес“.

Повеќе од 40 земји, за време на климатскиот самит на ОН КОП26 во Глазгов, ветија дека наредните децении ќе ја укинат употребата на јаглен. Самитот се одржува со цел да се ограничи глобалното затоплување на Земјата од индустриската револуција на 1,5-2,0 степени Целзиусови.

Австралија, заедно со некои други големи корисници на јаглен, како што се Кина и САД, не се приклучија кон договорот.

Многу јасно кажавме дека нема да затвораме рудници за јаглен и нема да затвораме електрани на јаглен, изјави австралискиот министер за ресурси, Кит Пит за националната телевизија „Еј-Би-Си“.

Во одбрана на одлуката на Австралија, Пит рече дека Австралија го има еден од најквалитетните јаглени во светот.

И затоа ќе продолжиме да имаме пазари во наредните децении. И ако тие купуваат добро, ние ќе продаваме, додаде тој.

Според него, побарувачката за јаглен се очекува да расте до 2030 година.

Ако ние не го освоиме тој пазар, некој друг ќе го освои. Претпочитам тоа да биде висококвалитетен австралиски производ кој обезбедува австралиски работни места и ја гради австралиската економија отколку да доаѓа од Индонезија, Русија или од друго место, изјави австралискиот министер.

Австралија е еден од најголемите производители на јаглен и природен гас во светот, но во последниве години страда и од сè поекстремни суши, поплави и пожари предизвикани од климата.

Австралија јаглен климатски промени продажба Свет Употреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.