Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американскиот претседател Џо Бајден вчера го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што овозможува да се зголеми долгот за државата да може да ги сервисира своите задоцнети обврски и да избегне банкрот. Без зголемување на прагот за долгови, американското Министерство за финансии процени дека земјата на 18 октомври ќе останаше без пари за плаќање на заостанатите сметки. Зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари, што го потпиша Бајден, се очекува да биде исцрпен до 3 декември, па дотогаш ќе треба да се најдат нови решенија. Сенатот минатата недела го…
Универзитетот Харвард, кој е најбогат во светот, вчера соопшти дека, во фискалната година што заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари. Зголемувањето на профитот се должи на инвестициите во јавниот и во приватниот сектор. Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата „Харвард Менаџмент Компани“, Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година ќе бил многу поголем, доколку универзитетот инвестираше во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година. Нарвекар во годишниот финансиски извештај на Универзитетот наведе дека Харвард ризикувал многу помалку во…
Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон во вторникот бил примен во болница во Калифорнија под сомнение за крвна инфекција, јави „Си-Ен-Ен“. Американската ТВ куќа информира дека 75-годишниот Клинтон е сместен на Оддел за интензивна нега. Неговата состојба не е поврзана со претходни проблеми што ги имаше со срцето или со ковид-19, додаде „Си-Ен-Ен“. Претставници на Медицинскиот центар на Универзитетот во Калифорнија се надеваат дека поранешниот американски претседател наскоро ќе биде отпуштен од болницата, откако беше хоспитализиран поради труење со крв. Бројот на бели крвни зрнца се намалува и добро реагира на антибиотици. Се надеваме дека наскоро ќе биде пуштен на…
Природен чекор е Западниот Балкан да биде дел од Европската Унија (ЕУ) која мора да покаже повеќе ентузијазам за процесот на проширување. Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да размисли за одлуките кои претстојат. Потребно е повторно да се поттикне динамиката на процесот на проширување за да се овозможи исполнување на ветувањата кон регионот во однос на неговата интеграција во ЕУ. За тоа се потребни дејства на терен за да се потврди пораката дека членството на Западен Балкан во ЕУ е споделен стратешки избор. Ова се главните пораки од учесниците на Самитот на „Економист“…
Со скринингот за ковид-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта во земјава, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму потенцираат дека тестирањето ќе започне во текот на наредната недела, по добиена писмена согласност од родители или старатели на учениците. Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од ковид-19 во основните и средни училишта. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можно…
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Максималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветар. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура и за време на викендот ќе биде облачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.
Конзорциумот на европски медиуми познат како „Забранети приказни“ и нивниот проект „Пегазус“ ја добија наградата на Европскиот Парламент за најдобро истражувачко новинарство, јави дописничката на МИА од Брисел. Оваа награда за првпат се доделува годинава во спомен на убиената новинарка од Малта, Дафне Каруана Галициа. Проектот „Пегазус“ беше објавен во јули оваа година во 15 европски медиуми здружени во конзорциумот „Забранети приказни“. Сторијата обелодени дека над 180 новинари, како и бројни шефови на држави и активисти за човекови права биле прислушкувани преку софтверот „Пегазус“, изработен од израелската компанија НСО. Наградата на Европскиот Парламент изнесува 20.000 евра и се доделува за…
Според последните информации, коронавирус во Србија во последните 24 часа е потврден кај уште 6.786 лица од тестираните 22.710 примероци, а како резултат на инфекцијата починаа 54 пациенти. На респиратор има 286 пациенти од вкупно 6.643 хоспитализирани лица. Од 6.786 нови случаи на ковид-19 што беа потврдени во Србија во последните 24 часа, повеќето се регистрирани во Белград – 1.723, додека трицифрен број на новозаразени е регистриран во уште 10 градови. Евидентирани се 374 нови пациенти во Ниш, 279 во Нови Сад, 177 во Крагуевац, 141 во Смедерево и 131 во Краjeево. Откриени се 118 нови инфекции во Зрењанин, 116…
Доскорешниот канцелар и шеф на Народната партија (ОВП), Себастијан Курц денеска положи заклетва во австрискиот парламентот и на тој начин повторно стана пратеник. Тој во саботата поднесе „привремена“ оставка, откако Државното обвинителство за борба против корупцијата отвори истрага против него и врвот на ОВП за поткуп и корупција. Наместо Курц, канцелар стана министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, а Курц за време на истрагата ќе биде пратеник и шеф на пратеничката група на ОВП во парламентот. Утрово Курц положи заклетва со што и формално ја презеде новата функција. Патем, тој има намера да се врати на функцијата канцелар кога обвинувањата…
Поранешниот главен косовски преговарач во дијалогот со Србија, Скендер Хисени ги нарече бесмислени изјавите на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жосеп Борел во врска со вчерашната акција на косовската полиција во неколку региони во земјата со цел сузбивање на шверцот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Хисени, кој е, исто така, и поранешен министер за внатрешни работи на Косово, со изјавите на Борел, кој ја осуди акцијата во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, се доведува во прашање неговиот кредибилитет како главен посредник во реговорите меѓу Приштина и Белград. Тој смета дека прашањето…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека владата донела уредба со кој се ограничува цената на моторниот бензин на 1,47 евра за 30 дена, додека цената на дизелот е ограничена на 1,46 евра. Како што објасни, владата може да ги ограничи цените на нафтените деривати со цел да ги заштити потрошувачите и тоа и го прави, пренесува „Јутарњи лист“. „Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да ја искористи можноста…
Триесетиседумгодишниот Данец, кој е осомничен за нападот со лак и стрела во Конгсберг, преминал во ислам, а полицијата пред синоќешните убиства беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, изјави денеска шефот на норвешката полиција Оле Бредруп Саверуд, пренесе „Си-Ен-Ен“. Данецот (37) беше уапсен синоќа за нападот во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди. Откако полицијата добила пријава за нападот, го привела осомничениот за точно 34 минути. Очевидци велат дека побеснетиот човек убил пет лица, додека другите панично трчале по улиците, обидувајќи се да избегаат од заканата. Тој во моментот е…