Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД избегнаа банкрот: Бајден го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување

0
By Sashko on October 15, 2021 СВЕТ
Фото: myjoyonline.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 15, 2021 08:59

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што овозможува да се зголеми долгот за државата да може да ги сервисира своите задоцнети обврски и да избегне банкрот.

Без зголемување на прагот за долгови, американското Министерство за финансии процени дека земјата на 18 октомври ќе останаше без пари за плаќање на заостанатите сметки. Зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари, што го потпиша Бајден, се очекува да биде исцрпен до 3 декември, па дотогаш ќе треба да се најдат нови решенија.

Сенатот минатата недела го одобри, а Претставничкиот дом во вторникот донесе краткорочно решение за привремено зголемување на ограничувањето за можно задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што ќе ѝ овозможи на најголемата светска економија да избегне банкрот барем до декември.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел во писмо до Бајден, по гласањето во Сенатот, напиша дека повеќе нема да им помага на демократите да го зголемат лимитот на долгот.

Меконел сака демократите да го искористат процедуралниот потег познат како помирување, за што не им се потребни републикански гласови за зголемување на прагот за задолжување, но демократите го отфрлија предлогот како можна опција.

Републиканците велат дека зголемувањето на прагот за задолжување е проблем за демократите поради пакетот мерки на Бајден за помош на граѓаните и за други цели за време на пандемијата на коронавирусот. Овој пакет, што Конгресот го прифати во првиот дел од оваа година, вреди 3,5 трилиони долари.

Банкрот задолжување закон Лимит САД Свет Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.