Author: Sashko

Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органи на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот и времено да ги стават своите вработени на располагање на Државниот завод за статистика. Владата ова го препорача и на единиците на локалната самоуправа, како и на институциите под нивна надлежност.

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон и останатите лидери на земјите членки на Г7 не успеаја да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат со напорите за евакуација до крајот на месецот, јави агенцијата ДПА. Се очекуваше британскиот премиер да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи своите сили на терен по 31 август, бидејќи тие обезбедуваат сигурност на аеродромот во Кабул, со цел да се овозможи на луѓето да ја напуштат земјата. Но, по вонредниот состанок на лидерите на Г-7, со кој претседаваше Џонсон, Бајден рече дека рокот останува во сила. Ќе направиме…

Read More

Забраната за движење во шуми и шумски предели се укинува. Ваква одлчука донесе Владата на денешната 101 седница, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи. Владата притоа ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Read More

Вкупно 9.907 хектари на површина биле зафатени со пожарите што изминатиот период ја зафатија земјава од кои 8.803 отпаѓаат на шуми, при што изгореле 442.074 кубни метри на дрвна маса. На ова упатува Извештајот на ЈП „Националн и шуми“, за настанатата штета до 15 август, што беше разгледан на денешната владина седница. Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП „Национални шуми“ да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен. Владата го задолжи ова јавно претпријатие за целокупната количина на опожарена дрвна маса, како последица од пожарите, да остане во сопственост и со неа…

Read More

Владата, на денешната 101 седница, ги усвои Планот за одржување на настава во основните и средни училишта во учебната 2021/2022 година, како и протоколите за основните и средни училишта во Република Северна Mакедонија. Одлучено е реализација на воспитно-образовниот процес од 1 септември да биде со физичко присуство на учениците.

Read More

Мерката за поседување и приложување на сертификат за примена, најмалку, прва доза на вакцина против ковид-19 или сертификат за прележаност на вирусот не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравување, при влез во кафулиња, ресторани, молови, обложувалници, казина, итн., останува на сила. Ова е само една од одлуките на 101-та седница на Владата што се одржа попладнево. Се дозволува и организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, потоа настани од културата, на концерти, на семинари, на работилници и други настани на затворено со 30 отсто од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 отсто…

Read More

Се најавија на секојдневни протести, се заканија со затворање на своите локали и со блокада на влезовите во градот, но ништо од тоа не реализираа денеска. Струмичките угостители се откажаа од намерата за јавно да изразат незадоволство од новите рестрикции против ковид-19 и штетите што ги трпат и не излегоа на улица од, засега, нејасни причини. Најавениот протест за денеска на струмичките угостители, не се одржа. Иако во нивното соопштение стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците, но и влезовите на градот, во Струмица на улица денес нив ги немаше,…

Read More

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на денешната прес-конференција изјави дека „гужвите пред аеродромот во Кабул се проблем за нив“. Тој рече дека „поради хаотичната ситуација“, повеќе нема да дозволат авганистански граѓани да одат на аеродромот во Кабул. Работиме за да помогнеме, но за жал, Американците сè уште ја продолжуваат својата политика и се обидуваат да ги извлечат Авганистанците од земјата и да ги однесат во неизвесна иднина, рече Муџахид на денешната прес конференција. Тој ги повика САД да не го „охрабруваат“ авганистанскиот народ, а особено луѓето со вештини и „образованата елита“, да ја напуштат земјата. Исламистичката група посочи дека Американците…

Read More

Двесте терминали за читање на отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од германската компанија „Дермалог“ во Скопје, а откако ќе минат низ сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави претседателот на Државната изботрна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Откако терминалите ќе пристигнат во земјата, инженери пратени од „Дермалог“ ќе извршат обука за ракување со нив, а потоа таа обука ќе биде вметната и во планот за едукација на ДИК. Даштевски е дециден дека сè ќе биде подготвено за локалните избори закажани за 17…

Read More

Унгарија очекува да ги добие потребните технологии до крајот на оваа година и да започне со производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на 2022 година, изјави министерот за надворешни работи, Петер Сијарто на заедничка прес-конференција по разговорите со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник V“ под руска лиценца, рече Сијарто. Според него, на овој начин може да се намали ранливоста на земјата, како и да се искористат придобивките од…

Read More

Талибанците денеска назначија министер за финансии, шеф на разузнавачката служба и вршител на должноста министер за внатрешни работи во Авганистан, објави авганистанската новинска агенција Пајхвок, пренесуваат западни медиуми. Министер за финансии ќе биде Гул Ага, а Садр Ибрахим ќе биде вршител на должноста министер за внатрешни работи. Наџибулах ќе биде шеф на разузнавачката служба, а Мула Ширин ќе биде гувернер на Кабул.

Read More

Албанската национална агенција за храна информира дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед со канцерогена содржина. По извршените контроли на албанскиот пазар, Aгенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни по здравјето на луѓето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони сè уште беа во магацини на субјектите увознички и беа уништени, информираа од Агенцијата. Се додава дека е откриен етилен оксид во увезениот сладолед „Баунти“, „Сникерс“ и „Твикс“, неколку недели откако овие производи беа повлечени од продажба во земјите на Европската Унија. Од Агенцијата апелираат до…

Read More