Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Полициски службеници за првпат на претстојните локалните избори ќе обезбедуваат доверлив материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоци од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштени лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти. Новина во Правилникот за овие избори е што се воведува…
Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија од 1 ноември годинава ќе лета на релација Скопје – Женева. Линијата првично ќе биде одржувана со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември се планира зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути. Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува „exyuaviation.com“.
Што се случи по распаѓањето на СФРЈ? – Зошто во 1991 година не се вративме на тој заборавен, па потценет пат трасиран од првата генерација во 1880 година? – Што содржат скоро објавените транскрипти од состаноците на југословенското раководство на чело со Тито од 1978 година? – Какви обврски презел Глигоров во однос на Милошевиќ? – На овие прашања одговорите се во ова второ продолжение од разговорот со професорот Владо Поповски. Во ова продолжение читајте за неуспехот на македонската држава да се врати на својот заборавен пат трасиран од првата генерација на македонизмот олицетворена во Македонската лига во 1880 година…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика својата земја да го спречи приливот на бегалци од Авганистан, каде власта ја презедоа талибанците, велејќи дека џихадистите можат да влезат во земјата под маска на баратели на азил. Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји. Но, кој е меѓу овие бегалци? – Како можеме да знаеме?, праша рускиот претседател за време на состанокот со претставници на владејачката партија „Единствена Русија“. Тој процени дека „стотици, дури и стотици илјади, а можеби и милиони“ луѓе би сакале…
Министерството за здравство (МЗ) информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 333, во Тетово – 109, во Струмица – 80, во Куманово – 59, во Гостивар – 46, во Кичево – 42, во Штип и Дебар – по 28, во Охрид – 20, во Велес – 18, во Прилеп – 17, во Струга – 14, во Кавадарци и во Кочани – по 12, во Битола и во Свети Николе – по 9, во Ресен – 8,…
САД денеска вклучија неколку големи американски авиокомпании во евакуација на десетици илјади Авганистанци и странци од Кабул, откако главниот град падна во рацете на талибанците. Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана, Лојд Остин ја активирал ретко користената воздушна флота на цивилни резерви (ЦРАФ) за да помогне на луѓето да пристигнат во американските бази на Блискиот Исток. Способноста на Министерството за одбрана да испраќа воени сили е неразделно поврзана со комерцијалната индустрија, која обезбедува критичен капацитет за транспорт, како и глобални мрежи за да се исполнат секојдневните и итните барања, се вели во соопштението. Осумнаесет цивилни авиони од „Американ Ерлајнс“, „Атлас“,…
Радикалното талибанско движење даде рок од четири часа на единиците на отпорот во авганистанската провинција Паншир да ја пренесат контролата врз талибанците, јави денеска ТВ каналот „Ал Арабија“. Според телевизијата, радикалите „му дадоа четири часа на Ахмад Масуд (водачот на отпорот против талибанците) да ја префрли провинцијата Паншир под контрола на талибанците. Се истакнува дека единици на талибанците се во состојба на целосна подготвеност за да започнат операција за заземање на провинцијата“. Во исто време, според катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“, талибанците имаат намера да испратат делегација на средба со Масуд во блиска иднина. Членовите на делегацијата на движењето ќе…
Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска напладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч. Како што пренесува „Топ ченл“, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски (78), двајцата од Битола, кои шест години по ред одморале токму на таа плажа. Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена пристигнале во Драч. Откако ручале, тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата. Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало…
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги повика владите на некои земји да извршат итна евакуација на фудбалерки од Авганистан. Откако Талибанците ја презедоа власта во земјата, фудбалерките почнаа да се плашат за своите животи. Федерацијата „FIFPro“, исто така, побара помош за спортистките. Во оваа организација веќе се разработуваат планови за евакуација на фудбалерките и нивно одведување на безбедно.
Албанија денеска пријавени давења на тројца туристи од кои двајца, според тамошните медиуми, се државјани нја Северна Македонија. Телевизија „А2 Си-Ен-Ен“ објави дека лицата М.М. (79) и Ц.М. (78) дошле на одмор во земјата од Северна Македонија, животите ги загубиле како последица на високите бранови на плажата Спиле. Третиот давеник е 59-годишно лице со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја Инцицентите се случиле претпладнево, околу 11 часот, додека истражните тимови работат на расветлување на околностите за настанот.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат. Можам и да го забавам и ќе направам тоа, но до петок, има изјави Радев на новинарите при денешната посета на Болјарево и Тополовград, јави БГНЕС. Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе го предаде мандатот, а само нафрли дека „сите опции се отворени“. Во оваа конфигурација во парламентот, ако сме успешни, зборот компромис мора да биде присутен, а не е присутен, рече Радев. Тој повторно ги повика пратениците да размислат за донесување на ребалансот на буџетот. Според него, можни се двојни избори…
Авганистанка се породи во авион (Ц-17) за евакуација од Кабул, по слетување во базата „Рамштајн“ во Германија, и на свет донесе здраво женско бебе. Компликациите кај жената почнале додека леталото било на височина од 8.534 метри, при што дошло до спуштање на воздушниот притисок. Командантот на авион реши да се спушти на помала височина за да го зголеми воздушниот притисок, што помогна за стабилизација и спасување на животот на мајката, се наведува во твитот на официјалниот налог на Командата за воздушна мобилност на САД. Во моментот кога авионот ја допре пистата во германската база „Рамштајн“, медицинскиот персонал го почна процесот…