Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во водите на Охридското Езеро во моментот се одржува јубилејното 50-то издание на Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки во Серијата ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА). Пливачите влегоа во езерото во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид, оддалечено 25 километри, се очекува да стигнат за приближно шест часа. Временските услови за маратонот се поволни, температурата на водата е 25 Целзиусови степени, но мал проблем претставува умерениот северен ветар што го бранува езерото и дува спротивно од насоката на пливањето. Меѓу 12 пливачи и седум пливачки учесници на…
Изјава на министерот за здравство Венко Филипче
Нова ТВ: Како ја објаснувате актуелната безбедносна ситуација во Авганистан? Полковник Кочов: Моментната безбедносна состојба во Авганистан е крајно драматична, непредвидлива и ескалира од ден во ден. Експресниот напредок на Талибанците ги сруши сите аналитички предвидувања за состојбата во Авганистан по повлекувањето на силите на НАТО и САД. Ако пред неколку месеци се предвидуваше подготвеност на владините сили да се грижат за безбедноста на Авганистан или евентуално нивен колапс после повеќе месеци до една година, состојбата на теренот говори сосема друго. Претседателот Ашраф Гани го напушти Авганистан, а Талибанците го контролираат Кабул. Веќе е извесно дека владините сили немаат ни…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одбележува 75 години од основањето. Првиот Конгрес на ССМ, со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија, започнал на 18 август во 1946 година и траел до 21 август. Се одржал во Градскиот парк, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова. Така започнува нашата успешна приказна која во периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќа скоро целата работничка класа, се вели во соопштението на ССМ по повод јубилејот. За прв претседател е…
Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје во соработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на девет утврдени пешачки острови низ главниот град. Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите. Од Град Скопје информираат дека голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места на кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови. Градот Скопје во изминатиот период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации,…
Во струмичката болница се лекуваат 39 пациенти со ковид-19. Дваесет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта. Според докторка Катерина Кузмановска, директорка на струмичката болница, секојдевно расте бројот на заболени и сè поголем е број граѓани кои бараат помош од лекарите. Од пациентите кои се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение, 14 добиваат кислородна поддршка, а дури 90 отсто од нив се невакцинирани. Кај нив има тешка клиничка слика и за разлика од порано за лекување се јавуваат помлади лица, што за нас е показател дека вирусот сега полесно ги напаѓа нив, рече директорката…
Европската Унија (ЕУ) имунизира 250 милиони свои граѓани со две дози на вакцина против ковид-19, соопшти европската комесарка за здравство, Стела Киријакидeс преку Твитер. Двесте и педесет милиони граѓани се целосно вакцинирани во Европската Унија – важен нов чекор кон нашата цел да вакцинираме 70 отсто од возрасната популација, напиша таа. Киријакидeс истакна дека ЕУ смета дека вакцинацијата е најефикасното средство за борба против новите варијанти на коронавирусот.
„Паника и страв“ владее меѓу авганистанските новинари, особено новинарките, соопшти Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), истакнувајќи дека добиле „стотици барања за помош“ од медиумските работници на терен. Увидот на ИФЈ во ситуацијата на терен и бројните барања за итна помош покажуваат дека има паника и страв во авганистанската медиумска заедница, предупреди меѓународната организација, која отвори специјална сметка за да им помогне на засегнатите. Добивме стотици барања за помош – за евакуација или за помош на оние што бегаат од една авганистанска провинција во друга поради закани, рече Џереми Дар, заменик генерален секретар на ИФЈ. Повеќето новинари кои се обидуваат да…
Опозициските борци, лојални на соборената авганистанска влада, вратија под своја контрола три северни области, само неколку дена откако талибанците ја презедоа контролата врз поголем дел од земјата, јави денеска „Гласот на Америка“. Про-талибанските корисници на социјалните мрежи го потврдија воениот пресврт во северната провинција Баглан. Се наведува дека најмалку 15 талибански борци се убиени, а 15 се ранети во, како што тие го нарекуваат, предавство на амнестијата што ја објавија талибанците за членовите на поранешната влада.
Уличните карневалски свечености во 2022 година во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 27 јануари до 6 март, соопшти прес-службата на компанијата за развој на туризмот „Риотур“. Планирано е да се одржат околу 500 улични карневалски поворки и паради и претстави во овој период, за чија организација се очекува да бидат потребни 3,5 милиони реали (околу 650.000 долари) вонбуџетски средства. Како што забележа шефицата на „Риотур“, Даниела Маја, властите одлучиле порано да ги објават параметрите на карневалот, „така што најголемиот празник во Рио де Жанеиро ќе биде блескав“. Во 2021 година, поради пандемијата на коронавирус, карневалските прослави беа откажани…
Министерството за образование и наука (МОН) набави таблети за ученици од четврто одделение од семејства во социјален ризик и истите ги дистрибуира до училиштата. МОН информира дека од вкупно 10 000 уреди, досега се подигнати 3000. Со набавувањето на оваа опрема, училиштата се подготвуваат за новата учебна година со која во пракса започнува и имплементацијата на новата образовна Концепција за основно образование. Со новата Концепција се предвидува осовременување на образовниот процес, односно учениците од прво и четврто одделение ќе учат по целосно нови наставни програми и од нови материјали за учење, чија подготовка е во завршна фаза, наведува МОН. Новина…
Борците од терористичките организации Ал Каеда и Исламска држава (ИД) го одржуваат своето присуство во Авганистан, но нивниот точен број не е познат на американската страна, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Знаеме дека Ал Каеда е присутна во Авганистан, како и Исламска држава. Не веруваме дека (бројот на нивните борци таму) е алармантен, но немаме точна бројка. САД сметаат дека инцидентите на насилство од радикалните талибанци против Американците кои го напуштаат Авганистан се неприфатливи, рече тој изјави на брифинг со новинарите. Од него беше побарано да ги коментира извештаите за насилство на талибанците врз Американците, што ги објави вчера…