Author: Sashko

Извештајот за климата објавен денеска од УНИЦЕФ предупредува дека на милијарди деца им се заканува екстремно висока опасност од климатската криза. Извештајот насловен „Климатската криза е криза за правата на децата“, класификува 33 земји како „екстремно високо ризични“. Меѓу нив се Индија, Нигерија, Филипини и субсахарските африкански држави. Децата во тие земји „се соочуваат со смртоносна комбинација на изложеност на повеќекратни климатски и еколошки шокови со голема загрозеност поради несоодветните основни услуги, како што се вода и санитарни услови, здравствена заштита и образование“, се наведува во документот. Првпат имаме целосна слика за тоа колку се во опасност децата поради климатските…

Read More

Неколку членови на соборената авганистанска влада исчезнаа, соопштија локалните медиуми. Нивни роднини изјавија дека поранешните високи функционери исчезнале или најверојатно се приведени од исламистичките милитанти. Абдул Вали Вахиџаи, поранешниот гувернер на провинцијата Лагман, и Лотфулах Камрам, поранешен началник на полицијата во истата провинција, им се предадоа на талибанците пред пет дена, но тие сè уште се наоѓаат во притвор, тврдат нивните роднини. Мохамед Хашем Гаjи, поранешен началник на полицијата во Газни, исто така исчезна, се вели во медиумскиот извештај. Талибанците претходно ветија амнестија за сите оние кои работеле за претходната влада.

Read More

Во црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, и оваа година се организиран натпревар во лежење. Според организаторите, овој јубилеен, десетти по ред, натпревар ќе се одржи денеска, а наградата за победникот е 300 евра. „Првата награда изнесува 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, сè е дозволено освен станување“, се наведува во известувањето објавено на Фејсбук. Оваа година, правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

Read More

Руските истражувачи соопштија дека ја модифицирале вакцината против коронавирус „Спутник В“, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразната делта варијанта. Вакцината што ја модификувавме веќе е во фрижидер, изјави Александар Гинзбург, директор на Институтот Гамалеја и потенцираше дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината. И останатите произведувачи на вакцини во светот веќе работат на измени на своите вакцини за да бидат поефикасни во борбата против делта варијантата. Истовремено, Гинзбург се залага за употреба на „Спутник лајт“, како бустер вакцина за оние кои примиле две дози од „Фајзер“ и „Бајонтек“ Според официјалните податоци, досега…

Read More

Талибанците воведоа полициски час во Кабул, а животот во многу бучниот и популарен град во Авганистан драматично се промени, пишува авганистанската агенција „Кама Прес“. Никој не смее да ги напушти своите домови по 21 часот, освен во итни случаи. Членовите на авганистанскиот Исламски Емират воведоа полициски час во Кабул и објавија телефонски броеви во случај граѓаните да треба да заминат додека трае забраната, пренесува агенцијата. Како што се додава, одлуката останува во сила до понатамошно известување. Во неделата, 15 јули, Талибанците влегоа во Кабул и оттогаш луѓето се во паника и сакаат да избегаат од земјата. Поранешниот претседател на Авганистан…

Read More

Екипата на „Си-Ен-Ен“, предводена од репортерката Клариса Ворд, го напушти Авганистан по неколку денови од падот на Кабул и упадот на талибанците, како што тоа го сторија и илјадници други граѓани и дипломати. Во неодамнешниот извештај пред напуштање на земјата, од внатрешноста на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Вард рече дека тимот на „Си-Ен-Ен“ бил сведок на сцени кои најдобро го опишуваат очајот на Авганистанците. Особено шокантни се сликите поврзани со најмладите, за што родителите се подготвени да ги фрлат во раце на војници и да се разделат од нив за да имаат подобра иднина далеку од Авганистан. Нашето…

Read More

Црна Гора денеска воведе нови мерки за заштита од ковид-19, што првенствено се однесуваат на условите за влез во земјата. Во Црна Гора ќе може да се влезе само ако нејзините граѓани и туристите покажат дека се вакцинирани против ковид-19, да приложат ПЦР тест не постар од 72 часа, да имаат потврда дека прележале или со брз антигенски тест не постар од 48 часа. Лицата кои не ги усполнуваат ниту еден од наведените услови ќе мора да бидат во самоизолација 14 дена. Мерките стапуваат во сила утре и ќе важат до 10 септември. Во Црна Гора и натаму е на сила…

Read More

Член на семејство на германски новинар на „Дојче веле“ е убиен, а друг е тешко повреден во Кабул. Како што наведува „Јутарњи лист“, тоа се случило во рамки на акцијата за „чистење“ на главниот град на Авганистан и на останатите градови и провинции во кои талибанците одат „од врата до врата“ во потрага по своите досегашни политички ривали. Новинарот, чиј член на семејство е убиен, а друг е тешко повреден, моментно се наоѓа во Германија, но тоа не ги одврати талибанците од намерата. Останатите членови на семејството успеале да побегнат во последен момент и нивната локација на престој засега е…

Read More

Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград, вечерва во Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателски и љубовни врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат…

Read More

Нов прототип на човековиден робот ќе биде претставен следната година од компанијата „Тесла“ на Илон Маск. Уредот ќе биде висок 172 сантиметри и тежок околу 56 килограми, ќе биде опремен со вештачка интелигенција, како и сет сензори што се користат во електричните возила произведени од компанијата. Роботот ќе се вика „Тесла Бот“. Ако размислите, „Тесла“ е веќе најголемиот производител на роботи во светот, бидејќи нашите автомобили изгледаат како полуинтелигентни роботи на тркала. Би било логично технологијата развиена од компанијата да биде преточена во човековиден облик, истакна Маск. Прототипот на „Тесла Бот“ ќе биде изработен од лесни материјали. Наместо лице, роботот…

Read More

Демонстрација на вежба за гасење пожар ќе се одржи денеска на врвот на Водно во близина на воените објекти. Како што соопштија од Град Скопје, на настанот ќе се обратат градоначалникот Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Read More

Два месеца пред локалните избори се дефинираат партиските коалиции за заеднички настап во повеќе општини. Потпишување договор за соработка со најголемата македонска опозициска партија најави Алијанса за Албанците, откако тоа завчера го навести и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера изјави дека во тек се преговори за заеднички настап на изборите, а најверојатно идната недела ќе потпишат и договор за соработка. Исклучи секаква можност за соработка со ДУИ за Скопје, бидејќи партијата на Али Ахмети ќе коалицира со СДСМ. За Скопје немаме заземено став, меѓутоа ако дојде до соработка, таа ќе се…

Read More