Author: Sashko

Шеесетгодишно лице од Скопје дури во декември минатата година успеа да добие македонско државјанство по донесување на измените и дополнувањата на законските одредби кои го регулираат стекнувањето на тоа право и Решението од Министерството за внатрешни работи за негов прием во државјанството на Македонија. Ова е само еден од неколкуте случаи кои се наведени во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2021 година што беше презентиран претладнево. „Иако сите членови од неговото семејство имаат македонско државјанство, само тој од неговото раѓање мораше да биде пријавуван како странец и со таков статус да го регулира својот престој. Негативното мислење на поранешната…

Read More

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере смета дека еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји треба да поднесе оставка или треба да биде „притиснат“ да замине од функцијата поради твитот, за време на вчерашниот прв ден од Самитот ЕУ – Западен Балкан, дека „бугарските грижи“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Унијата. „Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се спротивни на пресудите на европскиот Суд за човекови права. Комесарот треба да се…

Read More

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската Унија (ЕУ) кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи во кое се реагира на вокабуларот што го користел албанскиот премиер, Еди Рама за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан.    „Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри и навредливи квалификации од шеф на влада. Така низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправда со природата и недостатокот…

Read More

Бранителите на Северодоњецк мора да се повлечат од градот, изјави гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдај. „За жал, мораме да ја повлечеме нашата војска од Северодоњецк. Останувањето на позициите нема смисла. Расте бројот на загинати“, напиша Гадај на Телеграм. Тој додаде дека 90 отсто од домовите во Северодоњецк се уништени или сериозно оштетени. Гајдај, исто така, наведе дека руските сили го зазеле селото Николаевка во Луганск, но оти украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива во областа Боровск, како и дека одбиле напад врз јужно предградие на Лисичанск.

Read More

Заедничка прес-конференција на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски, односно Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел за време на Самитот Европска Унија – Западен Балкан. https://www.youtube.com/watch?v=pGor3xY4Ohg

Read More

Цената на становите во Скопје нема да се намалува, а пазарот ќе се сегментира во премиум станови на живеење. Во периодот од 2019  до 2021 година, становите поскапеле за 20 проценти, а само во Скопје лани се продадени приближно 4.500 станови, покажуваат неофицијалните податоци со кои располага консултантската компанија ФОРТОНМКА. „Иако со релативно ниска стапка на поврат на инвестицијата во однос на другите облици на инвестирање, инвестирање во купување на станови сè уште претставува најсигурен и најатрактивен облик на инвестиција за македонските граѓани“, информираа денеска на прес-конференција од ФОРТОНМКА, специјализирана компанија за обезбедување на услуги за комерцијален недвижен имот на…

Read More

Босна и Херцеговина ништо не направи во изминатиот период за да се приближи на Европската Унија, е сè погласната порака од Брисел, дознава Н1 од дипломатски извори, и покрај иницијативата на Словенија која ја поддржаа Хрватска, Унгарија и Полска. Против доделување на статус на кандидат за БиХ се Германија, Франција и Холандија. Претпладнево во Брисел почна дводневниот Самит на Европската Унија со Западен Балкан во чиј фокус е доделување на кандидатски статус на Украина, на Молдавија и на Грузија, како и плановите за создавање на Европска политичка заедница. Како што пренесува Н1, и покрај словенечката иницијатива за доделување на кандидатски…

Read More

„Прескокнување“ на Комисијата за надворешна политика, свикување на пленарна седница на Собранието и уште денеска да се изгласа францускиот предлог за кревање на бугарското вето за Македонија за отпочнување на процесот на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), предложи лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во видеообраќање со своите сопартијци. „Вчера решивме да дадеме зелено светло за Северна Македонија. Тоа очекувавме уште денеска да влезе во пленарната сала, без игри и финти, а не да си играме со одолговлекувања. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет“,…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама сподели селфи на Твитер со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски од Брисел, пред почетокот на дводневниот Самит ЕУ – Западен Балкан.  „Сè уште го чекате Годо? – Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, напиша Рама на Твитер. Still waiting for Godot? No, we are used to this charade and we are more then ever committed to push forward our countries and our region modernization with unwavering European spirit🇦🇱🤝🇲🇰 pic.twitter.com/bmxXK8WXbc — Edi Rama (@ediramaal) June…

Read More

Ми се допаѓа францускиот предлог и мислам дека не може да има друг таков предлог, порача бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска од Брисел. Тој нагласи дека ќе остане доследен на дадениот збор што „му го ветил на бугарскиот народ“ дека Народното собрание мора да се произнесе по предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија. „Се надевам дека Народното собрание во наредните денови ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги заштитиме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме…

Read More

Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметки на 17.000 тутунопроизводители, информираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ). Процедурата за оваа финансиска поддршка на тутунарите започна, откако пратениците во Собранието ја деблокираа законската измена во Законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП. „Изразуваме жалење што овие средства не беа порано исплатени на сметките на тутунарите, бидејќи процесот на донесување на оваа законска измена во Собранието беше закочен речиси шест месеци, односно од февруари 2022 година“, велат од МЗШВ. Од Министерството потенцираат дека…

Read More

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната плата на национално ниво во април оваа година во споредба со април лани пораснала за 10,9 проценти и изнесува 31.525 денари. Статистиката покажува дека кај највисоките просечни плати, исто така, имало покачување на годишно ниво. Програмерите кои се најплатените работници забележале зголемување кај просечната плата од 12,5 проценти и нивната просечна плата изнесува 82.240 денари. Најниската просечна плата, пак, и натаму е во делот на заштитни и истражни дејности. И кај нив пораснале платите за 13,7 проценти, но просечната плата се уште им е под минималецот и изнесува 17.940 денари.

Read More