Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Овие избори пред се покажаа еден загрижувачки факт- дека сме далеку од почетните лекции на демократија – тоа се потврди со уривањето на официјалната страница на ДИК и падот на софтверскиот систем, но и сомнежите дека истрагата ќе биде ставена во фиока, како што и се така во оваа земја останува заборавено и неказнето. Дополнително, за ВМРО-ДПМНЕ се отвори прекрасно, широко поле- да не се признаваат резултатите, ниту победата на СДСМ, да се создаваат нови тензии, конфликти и раздор во општеството. Секако, иако победи СДСМ, стравот останува присутен- многу отворено и агресивно, нападно и насилнички, се заканува да победи и…
НОВА интервју со Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК, кој ги коментира случувањата со проблемите во Комјутерскиот центар на ДИК и доцното објавување на резултатите. Секуловска: Дали постои опасност да се фалсификуваат изборите, со оглед на тоа што се расипа компјутерскиот систем на ДИК, кај што се објавуваат на Интернет изборните резултати? Новакоски: И без таа Интернет апликација, каде се објавуваат изборните резултати, ДИК е обврзана да ги објави тие резултати, врз основа на Записниците, кои Избирачките одбори ги доставуваат до Општинските. Потоа, Општинските ги доставуваат до ДИК. Општинската прави Записник и потоа тој се врачува во ДИК. Било кој…
Точката секогаш подразбира можност и за извичник- како во случајот со дебатата Заев- Мицкоски, последната, пред изборите, кога Заев сметаше дека ја поставил дијагнозата со крајната реч- “Вие господине Мицкоски, ништо не разбирате. Точка”. Можеби е штета ова треснување на таа точка, затоа што Заев многу добро знае дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одлично сè разбира. И веројатно, повеќе отколку што може да се претпостави. И токму и на таа карта тој игра- да се знае сè, да се креира некаква црна дупка, резервирана за сите нас, полна со стравови за иднината, со кои тој би не дочекал, славејќи ја на…
Серијал на НОВА за лустрацијата- следува сведоштвото на Слободан Богоески, првиот директор на Службата за државна безбедност. Еден од методите на тие времиња, меѓу што спаѓа и самата лустрација, беше јавно жигосување и организирање на линч и прогон кон непослушните, критичарите- но беше важно тие да бидат луѓето кои оставиле силна трага во историјата на оваа земја, кои ги поставиле темелите на државата, но и кои го претставуваат самиот темел. Всушност, нападот кон овие луѓе- беше напад кон самата држава. Секуловска: Официјално образложение – за што бевте лустриран? Богоески: Јас сум лустриран, де факто, но формално не сум, бидејќи…
Каква е таа наивност од Мила Царовска? Нејзиното тврдење само е одраз на надежта, но не и на фактичката состојба- дека бомбата за Игор Јанушев ги вознемирила сите жени во државата. Неговите закани кои се слушаат на аудио-снимка се онаа стара, добро позната приказна за оваа партија многу одамна. Ништо ново не може да биде снимката во која Јанушев му соопштува најава во крв на Јанакиески- дека ќе удри бокс на извесна Даниела, која не ги следела упатствата на ВМРО-ДПМНЕ. Насоките на соговорниците- Јанушев -Јанакиевски јасно се однесуваат на креирање сигурни гласачки списоци за оваа партија, како предуслов за изборна…
Серијал на НОВА за лустрацијата- следува сведоштвото на ќерката на скулпторот и академик Томе Серафимовски, Соња Серафимовска. Еден од методите на тие времиња, меѓу што спаѓа и самата лустрација, беше јавно жигосување и организирање на линч и прогон кон непослушните, критичарите- но, кон оние оставиле силна трага во историјата на оваа земја, кои ги поставиле темелите на државата, но и кои го претставуваат самиот темел. Всушност, нападот кон овие луѓе- беше напад кон самата држава. Секуловска: Кое е официјалното образложение- за што беше лустриран вашиот татко Серафимовска: Татко ми беше лустриран од причини кои мене лично не ми се…
Минатата година, на денешен ден, настан за македонската историја беше првата Парада на гордоста. Во време на корона пандемијата, Скопје прајд продолжува да живее- маршот иако вируелен, е посилен од кога било. Затоа што, јавноста мора да знае за нееднаквоста со која живеат припадниците на ЛГБТ заедницата. Да знае за насилствата, за стигмата и неприфаќањето со кои нејзините членови секојдневно се соочуваат. https://www.youtube.com/watch?v=—-iCrW_LE
Нека продолжи ВМРО-ДПМНЕ со владеењето таму каде што застана, онака како што нуди на овие избори. Нека продолжат сите оние кои сега се на листите, тоа се истите луѓе на Груевски, блиски соработници, неговите најважни карики, луѓе кои повторно ќе не однесат таму, каде што ќе ги обноват нивните славни времиња. Во нивните изборни спотови можете да ги видите точно тие поминати години, сè што не се заборава никогаш. Тогаш кога бараа да се наведнуваме сите, мавтајќи со стаповите, да нè потсетат, како се завршува откако ќе се испружите пред нив. Сега ги прикажуваат тие потсмешливи спотови, за потсетување- како…
По завршувањето на вонредната состојба заради пандемијата со Ковид 19, продолжува серијалот на НОВА за лустрацијата. Следува сведоштвото на Љубомир Фрчкоски, професор, поранешен министер, активист. Еден од методите на тие времиња, меѓу што спаѓа и самата лустрација, беше јавно жигосување и организирање на линч и прогон кон непослушните, критичарите- но, кон оние оставиле силна трага во историјата на оваа земја, кои ги поставиле темелите на државата, но и кои го претставуваат самиот темел. Всушност, нападот кон овие луѓе- беше напад кон самата држава. Секуловска: За што бевте лустриран, кои беа причините Фрчкоски: Законите за лустрација се смислени, можеби можат да се…
Апсурдот со сагата за Боки 13 никако да заврши, клопчето само се заврзува и се замрсува уште повеќе околу нашиов јунак, кој никако да сфати што навистина се случува. Последните негови зборови, оние на одбраната, во неговиот замислен, иреален свет одекнаа како бомба- “Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви”. Неверојатно, каков збуричкан расплет треснав, си помисли самозадоволно тој, шушкајќи со кесата на Томи Хилфигер, која разочарувачки зборува за шопинг падот на една прерано овената ѕвезда. Но, интелигенцијата секако дека не е јака страна на нашиов јунак, иако некои се колнат дека токму тоа се столбовите на…
Проблемот што го има Караџовски е далеку подлабок и позагрижувачки отколку што на прв поглед изгледа. Тој проблем што тој го има и се соочува веројатно одамна, е длабоко вкоренет во системот, во политичката култура, во менталитетот, во систематското уништување на знаењето и образованието во оваа земја. Во немањето елементарна почит кон знаењето, квалификуваноста, сè е сведено на негирање и косење на луѓето со знаење и ум, со вештини, со децении исполнети со тешка работа и многу труд. Кому тоа му треба, за што таквите користат, освен за потценување, исмејување, понижување. Мнозинството е секогаш погодено од знаењето, тоа е како…
Нам ни треба токму таков лидер како Христијан Мицкоски. Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, лидер кој признава дека не знае, лидер како него е тоа што е неопходно за спас на оваа држава. Лидер кој безгрижно изјавува дека не ги знаел протоколите за заштита од ширењето на корона вирусот, затоа и не знаел дека е забрането кога седел во затворен дел од кафеана со двајца пријатели. Лидер кој притоа е самоуверен, и воодушевено раскажува за дупката која се создала, кога не ги впила информациите, кога го препнало тоа подло незнаење, кое глава може да чини во време на смртоносниот вирус, кој коси…