Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве поставија 70 заштитни столпчиња на повеќе градски сообраќајници за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки. Заштитни столпчиња екипите на ЈП Улици и патишта денеска поставуваат на улицата „Јордан Мијалков“, на која во изминатите денови веќе поставија 30 столпчиња. Екипите деновиве поставија и над 40 заштитни столпчиња на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, булеварот „Трета македонска бригада“, на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Фрањо Клуз“ и на улицата „Васил Ѓоргов“. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжат да поставуваат заштитни столпчиња и во…
Француски новинар е убиен откако бил гранатиран оклопен автомобил за евакуација во близина на Сиевиеродонецк, изјави регионалниот гувернер на Луганск Серхи Гајдаи во соопштение објавено пред малку. „Денеска нашето оклопно возило за евакуација требаше да земе 10 луѓе од областа и беше под непријателски оган. Шрапнели од гранати го пробиле оклопот на автомобилот, фатална рана на вратот добил акредитиран француски новинар кој известувал за евакуацијата, а патролен полицаец се спасил бидејќи носел шлем“, се вели во соопштението. Гајдаи рече дека се водат „тешки битки“ додека руските трупи го напаѓаат градот со целото оружје и воздушна поддршка и влегле во неговите…
Пронајдени се телата на 17 од 22 лица кои биле во авионот што се урна во Непал. Потрагата по преостанатите луѓе продолжува, рече портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула. Бартаула рече дека спасувачите веруваат дека некои тела се закопани под остатоците на авионот. Спасувачите кои работат со голи раце не можеа да ги преместат металните остатоци, рече тој. Авионот „Twin Otter“ изгуби контакт со аеродромската кула во неделата додека леташе на закажаниот лет од 20 минути во област на длабоки речни клисури и планински врвови. Во авионот се наоѓале четворица Индијци и двајца Германци, соопшти компанијата Тара Ер. Тројцата членови на…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посетата на Јапонија, оствари средба со јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши, соопшти пред малку неговата прес-служба. Министрите, како што се наведува во соопштението, ја почнале средбата со потпишување на Договор за техничка соработка меѓу двете земји, со цел имплементација на јапонската билатерална помош за Северна Македонија. „Јапонската помош за Северна Македонија, кумулативно достигнува безмалку половина милијарда долари. Многубројни проекти што се финансирани преку јапонската помош го поттикнуваат нашиот економски и социјален развој: од реконструкција на училишта, подобрување на условите во медицински установи, па сѐ до поддршка за малите…
Талат Џафери како централна фигура на политичкиот пазар меѓу СДСМ и ДУИ не го има само клучот од пленарната сала на Собранието, туку и клучот од целата владина коалиција и од власта на СДСМ Некогашниот миленик на ВМРО-ДПМНЕ Талат Џафери стана нивен смртен непријател. Но тоа не е само поради стилот и манирите со кои го води парламентот, бидејќи истиот стил и манири ги практикуваше кога го водеше парламентот и кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и го имаше мнозинството, и практично кога беше нивен истурен играч во парламентарните тактики над тогашната опозиција СДСМ. Она што сега е карактеристично откако власта…
Подобрување на патната инфраструктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи. Ова го посочи нобеловецот Пол Кругман во денешниот настап во рамки на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“. Кругман кој е и истакнат колумнист во Њујорк Тајмс, покрај тоа што е едно…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли гласините за здравјето на претседателот Владимир Путин. „Знаете, претседателот Путин се појавува во јавноста секој ден. Можете да го видите на ТВ екраните, да ги читате неговите говори, да ги слушате неговите говори“, изјави Лавров за француската телевизија TF1. „Не мислам дека ниту еден здрав човек може да види кај оваа личност знаци на некаква болест. Ова го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да се осигураат кој како изгледа на овој свет“, рече Лавров. Шпекулациите за здравјето на Путин кружат подолго време, а…
Скопското обвинителство побара истражна постапка против две лица за вршење изнуда. Тие со сила и со закана со мачета присилиле граѓанин да им даде 360.000 денари. Граѓанинот во 2021 година, од нив позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, тој на лихварите им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски…
Црна Гора привремено ги укина визите за граѓаните на Саудиска Арабија, велејќи дека мерката може да и помогне на туристичка индустрија во земјата. Премиерот Дритан Абазовиќ рече дека земјата треба да ја прошири својата понуда, бидејќи меѓународната изолација на Русија поради нејзината инвазија на Украина веројатно ќе има негативно влијание врз летната сезона. „Наша обврска е да отвориме нови пазари поради настаните во Источна Европа кои негативно ќе се одразат и на Црна Гора, бидејќи нашата земја беше многу популарна меѓу руските и украинските туристи. Укинувањето на визите може да биде добро за нашиот туризам и верувам дека граѓаните на…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело. Во текот на 2021 година, првоосомничениот и второосомничениот, во својство на управители – одговорни лица во правно лице, заеднички, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда членовите на управниот одбор на оштетено правно лице, а потоа и овластеното лице во правното лице да извршат незаконита исплата. Во…
(Фото и видео) Бујар Османи од Ирпињ, Киев: Над 70 отсто од зградите се целосно или делумно уништени
Во рамките на работната посета на Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада денеска го посети градот Ирпињ, на периферијата на Киев, место на интензивни воени дејствија од почетокот на инвазијата. https://www.youtube.com/watch?v=kCmX-7LVR3o „Тоа што го видов кај Ирпињ уште еднаш ме убеди колку нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан. Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, изјави Османи и додаде дека невидената и неиспровоцирана агресија претставува тешко кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја…
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј на одбележувањето на платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабетата рече дека оваа година се навршуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата. „Кралицата која владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и која стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет“, рече амбасадорката. Амбасадорката чиј мандат завршува по еден месец, рече дека дури и во краткото време што била тука, може да посведочи на навистина драматични и храбри промени. „Го видов македонското знаме како гордо се вее над Молот во Лондон и гледав како Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. Во текот на…