Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Она што во некои медиуми беше пренесено како исказ на Орце Камчев во делот на политичарите воошто не е точен, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска. Таа негира дека било кој политичар бил споменат во исказот на Камчев како што објавија дел од медиумите наводно повикувајќи се на записникот од исказот што Камчев го дал кога ја поднел кривичната пријава. -Станува збор за дезинформации на одредени медиуми. Заев е споменат само во делот каде што Јордан Камчев кажува дека пријавил и кај него. Ниту еден друг политичар не е споменат, кажа Русковска, откако пред Советот…
Еден час Советот на јавни обвинители одлучува дали ќе покрене постапка за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева за што треба да достави извештај до Собраниео. На седницата шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска ги образложува причините за притворот на Јанева и досегашните сознанија добиени во истрагата за поврзноста на Јанева во случајот „Рекет“. На седницата присуствуваат девет од десет члена на Советот. Јавниот обвинител Љубомир Јовески иако е член на Советот на јавни обвинители не присуствува на седницата. Одлуката треба да се донесе со мнозинство гласови што во овој случај значи дека треба да гласаат најмалку…
Обвинителката Вилма Русковска пристигна во Советот на јавни обвинители каде денеска треба да се одлучува дали ќе почне постапката за разрешување на Катица Јанева. Според информации на НОВА Русковска е во Советот на јавни обвинители да ги достави списите кои го побара Советот за случајот „Рекет“, односно конкрентно досието за Јанева. Русковска на седницата ќе ги образложи причините за притворот на Јанева. Претседателот на Советот Коле Штерјев не сакаше да го коментира исходот од денешната седица. Не присуствува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители брои десет члена, затоа што недостасува еден од членовите избран од Собранието.…
Клучните разлики меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за јавно обвинителство и натаму остануваат за мандатот на обвинителите на СЈО и за иднината на судските предмети и истраги што ги води ова Обвинителство. ВМРО ДПМНЕ бара со завршувањето на мандатот на Јанева да заврши и мандатот на сите обвинители во СЈО. „Во Законот за СЈО пишува дека помошниците обвинители не можат да имаат мандат подолг од мандатот на специјалниот јавен обвинител. Исто така, секој обвинител од СЈО свесно прифатил да се врати во Обвинителството од кое е регрутиран кога ќе прекине мандатот на специјалната јавна обвинителка и ние сметаме…
Орце Камчев утринава дал исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“ потврдија за НОВА од Обвинителството за организиран криминал. Камчев бил повикан во својство на сведок. Случајот „Рекет“ во Обвинителството за организиран криминал на 2 мај во Обвинителството го пријави Камчев. Според пријавата што ја поднел и копијата што беше објавена во јавноста, Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев,…
Обвинителката Вилма Русковска ја потврдува веродостојноста само на првата слика од објавениот записник, но останатите заклучоци и коментари на авторот нема да ги коментира – изјавија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за НОВА. Порталот Инфомакс објави копија од Записник од распитот на Камчев од 2 мај 2019 г. во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Објавена е копија од само една страница од документот, а во текстот на порталот се пренесуваат и делови за кои исто така се тврди дека се од документот, но нивната содржина не може да се провери, зашто е…
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ рече дека колегиумот на обвинители на СЈО ќе ги разгледа сериозните укажувања на адвокатите на обвинетите во предметот и ќе се произнесе за тоа дали по притворот на Катица Јанева обвинителите на СЈО имаат овластувања да ги застапуваат обвинението. „Јас лично мислам дека имам овластување да ја водам постапката но сакам да дадам простор да размислиме. СЈО се наоѓа во најтешката состојби од основањето и затоа апелирам сите политичари да седнат и да го донесат Законот за јавно обвинителство за да немаме прекини во постапките, имаме и…
На првото рочиште за предметите што ги застапува СЈО по притворот на специјалната обвинителка Катица Јанева, адвокатите на обвинетите во предметот „Титаник“ побараа судењето да биде прекинато поради притворот на Јанева, со што според нив нема веќе овластен застапник на обвинението. Адвокатот Димитар Дангов рече дека иако сите во судницата ја почитуваат, како што рече уважената обвинителка Лиле Стефанова, сепак таа не може повеќе да го застапува обвинието за „Титаник“. -Јанева е единствено надлежна да го застапува секој кривичен предмет на СЈО, па поради тоа, со респект кон уважената обвинителка Лиле Стефанова, кон која сите во салата имаат голема почит,…
Коста Петров познат како автор на популарни книги за самопомош, Пи-ар експерт – работеше во Кабинетот на Арбен Таравари кога беше министер за здравство и Нина Ангеловска – директорка на „Групер“ – фирма за продавање на производи на интернет ќе бидат новите потпретседатели на СДСМ, дознава НОВА. Изборот на Петров и Ангеловска кои предизвикаа изненадување во јавноста поради фактот дека ниту еден од овие двајца млади луѓе досега не се занимавал со политика, се очекува да биде потврден вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата. На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ велат изворите на НОВА се очекува…
https://www.youtube.com/watch?v=yQ7FIkMePCU Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска беше приведена, попладнево е донесена во Кривичниот суд каде треба да даде исказ пред судија на претходна постапка. Автомобилот со Јанева беше внесен во гаражите на судот. Обвинителството бара 30 дневен притвор за Јанева откако таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овласување во случајот „Рекет“. Јанева нема имунитет и доколку судот го прифати барањето на Обвинителството, таа веднаш ќе биде пренесена во истражниот затвор во Шутка. Јанева добила мебел од 5.000 евра за да го ослободи Камчев од „Империја“ Јанева користејќи ја својата позиција за осомничен во истрагата на…
Обвинителството за организиран криминал бара 30 дена притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со случајот „Рекет“. Јанева нема имунитет и доколку судот го прифати барањето на Обвинителството, таа веднаш ќе биде пренесена во истражниот затвор во Шутка. Јанева користејќи ја својата позиција за осомничен во истрагата на СЈО „Империја“ -Орце Камчев ги олеснила правните мерки кои биле преземени против него, односно му го укинала куќниот притвор и му го вратила пасошот за таа и нејзините пријатели да се стекнат со имотна корист. Освен тоа, Јанева е осомничена и дека договарала со…
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по денешното апсење треба да биде однесена во Кривичниот суд каде што ќе треба да даде исказ и пред судија на претходна постапка. Јанева беше уапсена попладнево по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција каде вчера даде исказ за случајот „Рекет“. Бројни новинарски екипи се пред Судот. НОВА неофицијално дознава дека по апсењето таа заедно со истражителите од Обвинителството за организиран криминал се во СЈО каде се врши претрес во нејзината канцеларија и автомобилот што го користела. На 8 август италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео-снимка во врска со случајот „Рекет“. Видеото е…