Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Вртоглави над 1 милијарда евра потрошија годинава англиските фудбалски тимови за трансфери на играчи, со цел да ги зацврстат своите тимови и да ја освојат шампионската титула во фудбал на Островот. Овој летен трансфер-период кој започна на 1 јули а заврши со регистрација на играчи во нови клубови минатата ноќ во 00.00 часот, влезе во историјата како најскапиот за англискиот фудбалски пазар во кој беа потрошени над 1.4 милијарда евра за откупување на првата на сопственост на играчите. Од нив најмногу се издвојува трансферот на францускиот фудбалер, 23-годишниот Пол Погба од италијанскиот клуб Јувентус во англискиот Манчестер Јунајтед, кој е во…
https://www.youtube.com/watch?v=GYFKSx5KycI Задоволни од постигнатиот договот за предвремени избори, лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во одвоени изјави порачаа дека на 11 декември ќе ја добијат поддршката од народот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите на 11 декември ги нарече „референдум“ на кој ќе се одлучува покрај другото и за иднината на сегашните и идните генерации и пад на режимот на Никола Груевски. „На 11 декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби, омразата. Ќе ги поразиме нарачаните судски процеси, хајките, партизацијата на институциите, мафијата. Мора да ставиме крај и на иселувањето на младите луѓе. Почитувани…
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против именувањето на Санта Аргирова за главен уредник на информативната програма на МРТВ.
Лидерите со посредство на американскиот амбасадор Џес Бејли треба да констатираат дали се исполнети условите за одржување на фер избори
https://www.youtube.com/watch?v=N1ofUslb2_c Семејството на сопружниците Нуриа и Милиа Мустафови утрово остана без покрив над главата откако нивната трособна куќа, која се наоѓа на патот кон Китка во Драчево, ја зафати пожар. Причините за пожарот полицијата ги истражува. Трособната куќа семејството Мустафови, велат, самите ја изградиле и во неа живееле над 20 години, а како растеле нивните деца, семејството се проширувало, и сега 15 луѓе остануваат на улица. Во пожарот кој им ја зафати куќата, изгорени се и малкуте пари што ги имаат зачувано, како и поднесениот документ за легализација на земјиштето. – Сега немаме ништо. Ја молам оваа наша држава да…
https://www.youtube.com/watch?v=262S3YvJf3w На самиот крај од Стајковци веднаш до Обиколницата се последните улички каде жителите се молат дека нема да бидат заборавени од надлежните бидејќи досега никој не дошол. Снежана Пејчева ја раскажува својата приказна за кризната ноќ кога се случуваа поплавите. Поплавени од дождот, но и од каналот кој е веднаш до нивната куќа. – Кога се случи поплавата бевме дома јас маж ми и трите деца, на возраст од три и пол до 11 години. Кога влегуваше вода не знаев дека станува збор за толкаво количество вода. Наеднаш се зголемуваше нивото и се’ паѓаше. Децата ги качувавме на машините…
https://www.youtube.com/watch?v=aVVgsOsYP0M За премиерот Емил Димитриев, инструкциите кои ги добиваше од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели тие се поддршка и воопшто не треба да се сметаат за наредба. При денешната посета на поплавените места во општина Илинден каде што Димитриев им вети на мештаните дека ќе добијат дополнителни пумпи за извлекување на водата, одговарајќи на прашањето на НОВА за акцијата на терен помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот на државата, забележана на камерите, Димитриев вели: „Не добивам инструкции. Јас така не гледам на тоа. Значи луѓето замолуваат за поддршка, тоа не треба да се сфати за наредба“. Веднаш по поплавите…
https://www.youtube.com/watch?v=-K7KS03sSbI На улицата „Андон Велков“ која се наоѓа на самиот крај од Стајковци веднаш до Обиколницата, потребна е огромна помош од физичка рака но пред сѐ механизација која ќе ја исчисти калта во која мештаните постојано газат. Тие апелираат надлежните што поскоро да го посетат овој дел на Стајковци бидејќи досега никој не ги прашал што им е потребно и се чувствуваат заборавени. На пунктовите пак, имаат проблем да се снабдат со храна и вода. Утре претпладне следува ексклузивна репортажа на НОВА со мештаните од овој крај на Стајковци.
Пост фестум репортажа од селото Стајковци каде мештаните се очајни за помош, каде по цел ден вадат кал од своите домови
https://www.youtube.com/watch?v=iaSvFgSwkZw Сега е најважно да му помогнеме на населението, да не се занимаваме со барање на виновници и на жртви, да не го политизираме целиот овој настан и сите капацитети на сите структури да се стават во помош на населението, апелираше денеска премиерот Емил Димитриев одговарајќи на прашање на НОВА, што е со истрагите за смртните случаи од поплавите во скопско. – Во моментов институциите работат на терен и евентуално наоѓање на нови жртви. Јас се надевам дека до тоа нема да дојде меѓутоа не можеме таа опција да ја исклучиме со оглед на површината која беше зафатена од непогодата.…
https://www.youtube.com/watch?v=Uwhj5St7TC8 Дел од граѓаните на Стајковци својот гнев од калта која три дена веќе ја собираат од своите домови, го насочија кон премиерот Емил Димитриев, кој денеска го посети селото. Граѓаните кои живеат во понепроодни места и каде улиците се неасфалтирани, поминуваат само со трактори или други теренски возила. Тие велат не им се потребни “парадирања со машни пред камера“ на надлежните, туку физичка рака која ќе им помогне да ги исчистат водата и калта кои им ги растуриле домовите по невремето. Тие им се благодарни пред сѐ на волонтерите и на војската, но потенцираат дека потребна им е и…
https://www.youtube.com/watch?v=b6pSI4hxmKo На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, која започна со 1 минута молк во знак на загинатите од поплавите, едногласно со 29 гласа беше донесена одлука за еднократна парична помош во вредност од 3000 евра за секој загинат во едно семејство по вчерашната поплава. Според градоначалникот Коце Трајановски синоќешното невреме било како „водена бомба“ која паднала врз Скопје. Тој на седницата даде отчет за синоќешната акција, и објасни дека во Стајковци и Сингелиќ тимовите за спасување успеале да се пробијат во 21 часот со помош на специјалните сили на МВР и армијата. Трајановски рече дека низ регионот…