Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград и Приштина ќе се обидат да ги смират тензиите

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 12:06

Белград и Приштина синоќа во Брисел се договорија да продолжат со дијалогот во духот на почитување, соработка и меѓусебно разбирање. Разговорите на двете страни во идните денови ќе се интензивираат.

“Решивме во следниот период да одржиме серија состаноци во рамките на дијалогот на високо ниво”, порача Федерика Могерини.

Шефицата на ЕУ дипломатијата Могерини ги викна во Брисел двајцата претседатели – Томислав Николиќ и Хашим Тачи и двајцата премиери – Александар Вучиќ и Иса Мустафа. Тензиите помеѓу двете држави во последните недели почнаа да стануваат експлозивни. Двете страни разменуваа националистичка и воена реторика и провокации па Могерини одлучи дека е време да влезе на сцената и да ги смири тензиите.

Лидерите на Србија и на Косово по состанокот во Брисел се договорија на натамошни разговори на високо ниво за нормализирање на односите по тензиите во изминатиов период. „Се договоривме да го продолжиме дијалогот на високо ниво во наредните денови. Ќе се обидеме да ги намалиме тензиите меѓу двете страни“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата.

Пред состанокот, косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини Белград дека се обидува да го дестабилизира Косово со цел да ја преземе контролата врз северниот дел на Косово. По разговорите Тачи изрази надеж дека Србија ќе го искористи состанокот за да ги смири националистичките претензии. И порача дека косовските институции ќе одговорат во иднина на српските провокации во согласност со своите закони.

Српскиот претседател Николиќ изјави дека „не им препорачува“ на Албанците да го загрозуваат мирот и безбедноста никаде на територијата на Косово, а посебно не во северниот дел.  И го повтори својот став дека Србија нема да разговара за независност на Косово.

На средбата станало збор за возот украсен со српски национални и верски симболи, со натписот „Косово е Србија“ на 21 светски јазик, кој тргна од Белград кон Митровица и кој беше вратен назад, без да влезе на територијата на Косово поради заканите со експлозиви и тензична состојба.

Во Приштина тоа беше оценето како провокација.

За Белград провокација беа специјалните косовски полициски сили кои тргнаа на северот на Косово за да се спречи влегувањето на возот.

Александар Вучиќ ЕУ Иса Мустафа Косово Могерини Србија тензии Томислав Николиќ Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.