Browsing: ПОЛИТИКА

Сите лица кои се идентификувани дека учествувале во насилството се малолетни, а двајца од нив учествувале и во двата инцидента; по преземените мерки и дејствија за откривање на сторителите, извршените разговори и препознавање на лица, осомничени се вкупно 13 малолетници

За претстојната реконструкција, биле поднесени само два архитектонски труда, а архитектот Жарко Чаушевски, како на повеќето реализирани објекти од проектот „Скопје 2014“, победи и на конкурсот за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на пет објекти на улицата „Кеј 13-ти Ноември“

На подрачјето на Македонија се забележуваат точки со црвена боја кои означуваат исчезнување на зеленилото, а има и виолетови точки, според кои на местото каде што зеленилото го снемало, се обновува

Првата детска амбасада во светот, Меѓаши заедно со 240 граѓански организациии од 88 земји во светот го одбележува 19-ти ноември како Светски ден за превенција на насилство врз децата

Каде се резултатите во земјоделството?, пишува во писмената реакција на СДСМ откако од владејачката партија преку нивна реакција наведоа дека мерките на СДСМ би ја вратиле политиката за земјоделието 15 години наназад

Со мерките кои СДСМ ги промовираше во земјоделието, политиката за земјоделство ќе се врати 15 години наназад, изјави денеска Маргарита Делева од Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ

Откако лотаријата која Ставревски ја најави преку собирање фискални сметки, предизвика реакции во јавноста, НОВА спроведе анкета помеѓу граѓаните за тоа дали очекуваат награди и колку често обрнуваат внимание на „парчето хартија“

Во текот на минатата година во Скопје се случиле над 50 несреќи на работно место, од кои 6 се со смртни последици; констатирано е благо зголемување на бројот на несреќите во однос на 2011 година, наведено е во извештајот на Здружение за заштита при работа

– Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Шаклев исто како и лидерот на земјоделците, Стаменов кој вчера читаше напишано соопштение од ВМРО ДПМНЕ, е уште еден обид на власта за злоупотреба на земјоделците преку така наречени лидери на земјоделците, реагираат од СДСМ

-Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа Комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа од 180 дена не открија ништо незаконско и нелегално во овој проект…беше создадена со популистички намери-хајка која се користеше за политички цели, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар