Browsing: ПОЛИТИКА

Зградата на Факултетот за драмски уметности и на бројни државни институции која според плановите на Владата ќе има барокната фасада ќе чини над 5,5 милиони евра, со што вкупната цена на новиот објект е над 25,2 милиони евра

За тој мој огромен превид ви се извинувам и вам и на граѓаните на Република Македонија. Убеден сум дека времето почна да работи против него и против насилничката и расипничка политика на неговата партија, рече Петковски во обраќањето по повод неговиот реизбор за претседател на НСДП

Колку се опасни предметите во околу вашите деца? Или, облеката која им ја купувате? Во Македонија нема контроли на пазарот кои можат да утврдат дали тие содржат отрови. Родителите се оставени сами на себе

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Основниот суд Скопје 1 да именува нов портпарол по двете скандалозни соопштенија на канцеларијата за јавност и по протекувањето на доказен материјал од предметот на новинарот Томислав Кежаровски на уште ненапишана пресуда

Во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, новосоздадената епархија Тетовско – гостиварска го доби својот митрополит. На таа функција беше интронизиран досегашниот епископ велички, кој од сега е митополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф

Според аналитичарот, сите земји од Балканот до 2020 година ќе бидат дел од НАТО. Тој вели дека Србија во следните неколку години би можела да го смени ставот во врска со Алијансата, посебно ако Косово направи исчекор на овој пат

Центарот на Скопје, како и општина Карпош имаат најзагаден воздух, според најновите податоци кои ја покажуваат моментална состојба на квалитет на воздухот, прикажан на официјалниот Веб сајт на Министерството за животна средина

Бев малку изненадена од опширната реакција на судот. Веројатно тоа е знак на вознемиреност од реакциите и критиките за пресудата од Македонија и од надвор, вели амбасадорката на кралстовото Холандија за реакцијата на Судот кон новинарите во интервју за Радио Слободна Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Не е возможно свекрвата на Радмила Шеќеринска, сега пензионер, а во минатото административен работник, да има вила во вредност од најмалку 150.000 евра, СДСМ со одговор: Дали во оваа држава само медицинската сестра, мајка на премиерот може да има 4 стана, а друг никој ништо не смее да има?

Навистина е смешно, кога една партија чиј претседател и премиер живее во четирите стана на својата мајка, си го поставува прашањето дали јас смеам да одам во семејната куќа на мојата свекрва, вели Шеќеринска