Browsing: ПОЛИТИКА

По реакцијата на револтираните граѓани за сечењето на дрвја кај новата галија покрај реката Вардар, надлежни екипи на општини Центар констатирале дека се исечени 4 тополи на посоченото место на потегот од мостовите Гоце Делчев до Камен Мост

Претседателката на Дипломатскиот совет на СДСМ, Илинка Митрева денеска се сретна и разговараше со Валтер Колбоу,советник за надворешна политика на СДП Германија, поранешен член на Бундестагот и државен секретар во германското министерство за одбрана во владата на Герхард Шредер

Заеднички, ќе продолжиме по тој пат се додека не се постигне посакуваната цел. Тоа значи дека Македонија е подготвена и натаму да учествува во спроведувањето на европските вредности и стандарди, рече Груевски

Јавното обвинителство се уште размислува дали ќе поднесе жалба на пресудата на новинарот Томислав Кежаровски. Но, останува уверено дека вина за откривање заштитен сведок постои и дека досудената казна не е многу висока

Хроника на еден судир: Шеќеринска на собраниската говорница го отвори прашањето за енормно зголемената имотната состојба на Мијалков, според имотните листови, но одговорите ги побара директно од премиерот Груевски

Директорот на УБК, Сашо Мијалков со писмена реакција преку порталот Курир ја повика заменик-претседателката Радмила Шеќеринска да одговори за имотната состојба или ќе ја тужи, што е реакција на обвинувањата за неговото енормно збогатување

ВМРО-ДПМНЕ: Немаме впечаток каков што има ДУИ и г-дин Али Ахмети околу прашањата поврзани со проблемот со името, а тој впечаток е изграден од мноштвото средби кои сме ги имале. Не исклучуваме можност дека Ахмети и ДУИ имаат информации за името кои ние ги немаме

Портпалот на ДУИ, Бујар Османи, за НОВА изјави дека Ахмети за АЛСАТ не се заканил со комплицирање на ситуацијата ако не се реши името, туку точниот превод гласи- “Ако не си дел од решението, стануваш дел од проблемот”