Browsing: СПОРТ

Жуниор Винисиус во 36. минута и Родриго во 72. минута погодија за составот на Зинедин Зидан кој потврди дека излезе без траги по убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампиони

„Нероазурите“ го совладаа и Лацио со 1:0 во дербито на вечерта и останаа на лидерската позиција на табелата со два бода повеќе од Јувентус. Наполи на Елмас загуби на домашен терен од Калјари со 0:1, Џенова на Пандев одигра 0:0 пред своите гледачи со Болоња

Членовите на ИК на УЕФА донесоа одлука и за засадување на 600.000 дрвца во 12. градови домаќини на Европското првенство во 2020 година во која се одбележуваат шест децении од првиот континентален турнир. Од состанокот во словенечката престолнина и препорака до сите 55 национални фудбалски федерации и сите европски клубови да не играат мечеви во земји во кои е забренет влез за жени на стадиони

На состанокот на Извршниот одбор во Љубљана е одлучено да останат четирите дивизии во натпреварувањето што беше воведено во 2018 година со таа разлика што бројот на учесници во А дивизијата се зголемува од 12 на 16 репрезентации, а освен „коцкестите“ и „панцирите“ во елитата остануваат и Полска и Исланд

На стадионот „Азади“ во Техеран, каде репрезентацијата на Иран најчесто ги игра своите мечеви како домаќин, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети за жените. Исто така, ќе има дополнителен број на полицајци за жените да можат безбедно да влезат и да излезат од стадионот, додаде Солтанифар. Иранската репрезентација на 15 октомври ќе биде домаќин на Камбоџа во квалификациите за СП 2022

Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’)

„Црвените ѓаволи“ ја совладаа Астана на „Олд трафорд“ со 1:0, Лудогорец со пресврт во второто полувреме ги декласира московјаните со 5:1, австрискиот бундеслигаш Волфсбергер славеше во Менхенгладбах со 4:0 во изненадувањетио на вечерта