Browsing: СПОРТ

„Петардата“ од Каталонците во последното издание на „Ел Класико“ го „разнесе“ поранешниот селектор на Шпанија под чие водство „кралевите“ го забележаа најлошиот старт во сезона по 2001/02

Грција ја совлада машката репрезентација на Македонија со 28:26 во второто коло од квалификациите за ЕП 2020. За капитенот Кире Лазаров ова е жешка шлаканица и предупредување до сите, особено што во јануари „црвено-жолтите“ ги чека настап на СП во Германија

Украинката во финалето ја порази Слоун Стивенс со 3:6, 6:2, 6:2 за освојување на највредниот трофеј од вкупно 13. колку што има во кариерата. Воедно таа е прва тенисерка по Серена Вилијамс во 2013 година која успеала да се искачи на тронот без загубен меч

„Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа, овојпат над Спартак во Трнава со 2:1, и за првпат по 1970 година ќе презимат во УЕФА натпреварување. Триумф на гости славеше и Бобан Николов со Види МОЛ над ПАОК (2:0). АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Фенербахче со Елмас ремизираа со Лудогорец, односнно, Андерлехт додека Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски загуби од Арсенал со 0:1 

Македонската машка репрезентација, по пауза од 13 години, имаше победнички кам-бек во Битола каде славеше над турскиот национален тим со 31:27 во првиот меч од групата 3 за завршниот турнир во Шведска, во Австрија и во Норвешка по две години. Во недела (17 ч.) во Кожани, „црвено-жолтите“ на гости кај репрезентацијата на јужниот сосед

Борусија си поигра со составот на Диего Симеоне и го испрати од „Сигнал Идуна Парк“ со 4:о во меч од третото коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Анхел ди Марија во 93. минута спречи сензационална победа на Наполи против ПСЖ – 2:2

„Старата дама“ ги заведе „црвените ѓаволи“ и ги совлада со 1:0 во мечот од третото коло во групата Х, Рома и Манчестер сити победија со 3:0 против ЦСКА Москва, односно, Шахтјор Доњецк, Реал М. неубедлив со Викторија Плзен (2:1), голеада во Германија – Хофенхајм и Олимпик Лион одиграа 3:3