Browsing: СПОРТ

Динамо Загреб славеше кај Андерлехт со 2:0 како и Фенербахче на домашен терен против Спартак Трнава. Челзи го совлада Види МОЛ на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, Баер Леверкузен подобар од АЕК Ларнака со 4:2. Единствен од македонските репрезентативци што остана без минутажа во денешните клупски настапи во Лига Европа беше Стефан Ристовски чиј Спортинг Лисабон триумфира над украинска Ворскла во Полтава со 2:1

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија објави списокот со 21 играч за претстојните дуели со Лихтенштајн во Скопје (13 октомври) и со Ерменија во Ереван (16 октомври) во Лигата на нации на УЕФА (Д дизивија). Во националниот тим се враќаат Аријан Адеми, Ферхан Хасани и по подолго време Дамјан Шишковски. Собирот е закажан во понеделник во Скопје. „Црвено-жолтите“ се лидери во четвртата група по септемвриските победи по 2:0 над Гибралтар и Ерменија

Наполитанците во 90. минута до три бода во мечот со Ливерпул, премиерлигашот не успеа да впише бод(ови) против Каталонците на „Вембли“, „нероаѕурите“ славенички ја напуштија „Филипс Арена“ по дуелот со ПСВ Ајндховен

„Црвено-црните“ попладнево во Штип ја совладаа Победа со 1:0 и ја зголемија предноста на врвот на табелата на четири во однос на Академија Пандев која одигра без голови со тетовци во Турново. Работнички ремизира со Беласица (1:1), резултат со кој завршија и Силекс и Македонија Ѓ.П. во Кратово. Единствено Ренова славеше на домашен терен против Шкупи со 2:0

Финецот Валтери Ботас го извозе најбрзиот круг во квалифиакциите за ГН на Русија (1:31:387 минути), десно од него во првиот стартен ред ќе биде клупскиот колега Луис Хамилтон кој забележа 0,145 стотинки послабо време. Трката е утре попладне од 13.10 часот

Погребот е закажан за утре во 14 часот на градските гробишта во Струмица, три часа претходно ќе се одржи комеморативна седница во големата сала на Центарот на култура „Антон Панов“ во Струмица, соопштија од координативното тело

Џенова го совлада Киево со 2:0, капитенот на македонската репрезентација погоди во 54. минута. Со идентичен резултат, „старата дама“ славеше над Болоња, наполитанците со 3:0 триумфираа над Парма, „волчицата“ подобра од Фросиноне со 4:0

Тигран Барсегјан погоди во 29. минута, а Владица Брдаревски во 63. минута за четврта победа на „црвено-црните“ во сезоната. Единственото вредно за одбележување од дебармаалци во мачниот за око натпревар се случи во 90. минута во која Петар Петковски ја погоди пречката

На крилја на македонските фудбалски репрезентативци, екипата на Палермо ја совлада Перуџа со 4:1 во четвртото коло во Серија Б и се проби до третото место на табелата со скор од две победи и два нерешени исхода

Вардар против соседот од Градски парк вечерва од 19 часот на арената „Филип Втори“ во премиерниот меч од шестата рунда во фудбалскиот шампионат на Македонија. Останатите четири меча се закажани за утре попладне од 15.30 часот