Browsing: СПОРТ

Одлучувачкиот трет поен за „триколорите“ против Шпанија го обезбедија Жулиен Бенето и Никола Мау кои славеа во дубл пресметката со Фелисијано Лопез и Марсело Гранолјерс Пужол со 6:0, 6:4, 7:6

Во 10 часот тргнаа рекреативците, во 12 часот е закажан стартот на маратонот на 2,5 и на пет километри во женска и машка конкуренција што воедно се последни трки во рамки на македонски Куп во далечинско пливање за 2018 година

Српскиот тенисер додаде уште еден, вкупно 14, гренслем трофеј во богата колекција по победата во финалето на Ју-Ес опен над Хуан Мартин дел Потро со 6:3, 7:6, 6:3 по три часа и 15 минути игра. За „будењето на шампионот“ како што некои медиуми го опишаа неговиот успех во Њујорк се пресудни три причини – операцијата на лактот во Швајцарија во февруари, враќањето на Маријан Вајда во тимот и петдневното планинарење со сопругата Јелена во Франција

Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во второто коло од четвртата група во Д Лигата на нации на УЕФА за осамнување на лидерската позиција на табелата. Алиоски во 14. минута од пенал и капитенот во 59. минута беа стрелци за нова победа на „црвено-жолтите“ без примен гол во УЕФА Лигата на нации. Мечевите продолжуваат на средина на наредниот месец. На 13 октомври ё(20.45 ч.) во Скопје ќе гостува Лихтенштајн, три дена подоцна (16 октомври, 18 ч.) е закажан реваншот со Ерменците

Домашната селекција поведе во 11 минута со погодокот на Маркус Рашфорд, две минути подоцна израмни Саул, а во 32. минута погоди и Родриго по асистенција на Алкантара. Исланд декласиран во Сент Гален, Луксембург со најубедлива победа на домашен терен во историјата

Дваесетгодишната јапонска тенисерка во женското финале беше подобра од најдобрата – Серена Вилијамс над која славеше со 6:2, 6:4 за прв гренд слем трофеј во кариерата. Во машкото финале (недела, 22 ч. по средноевропско време) ќе играат Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија изрази задоволство од триумфот над Гибралтар, капитенот Пандев со забелешки на условите за игра на стадионот „Викторија“, на слабите луксеви на рефлекторите и на вештачката подлога што ја оцени како лоша

„Црвено-жолтите“ се оправдаа како фаворити и рутински го совладаа Гибралтар со 2:0 во воведниот меч во групата 4 во Д конкуренцијата. Победникот на стадионот „Викторија“ беше решен уште во првото полувреме со головите на Иван Тричковски во 19-та минута и на Езџан Алиоски во 35-та минута. Во недела (18 ч.) во Скопје ќе гостува селекцијата на Ерменија во второто коло во групата 4 од Д конкуренцијата

Австралиецот Џон Милман успеа да направи голем пресврт за уште поголема победа над Роџер Федерер со 3:6, 7:5, 7:6, 7:6 во четвртото коло на Ју-Ес опен и спречи нова класика меѓу Швајцарецот и Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето

Британскиот пилот во болидот на Мерцедес ја расипа планираната забава на Ферари и триумфира во ГН на Италија. Второто место го освои Кими Раиконен, на подиумот се искаќи и Валтери Ботас. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за ГН на Сингапур на 16 септември