Browsing: СПОРТ
Популарните „јорганџии“ во 13. европско финале во клупската историја го совладаа Олимпик Марсеј со 3:0. Два гола за тимот на Диего Симеоне постигна Антоан Гризман (21. минута и 49. минута), третиот за потврда на победата на „Стад де Лион“ беше дело на Габи во 89. минута
Селекторот на „панцерите“ адресира покани до 27 фудбалери кои ќе конкурираат за место во конечниот список на патници за претстојниот мундијал, но не и за играчот со чиј гол во финалето против Аргентина пред четири години го понесоа шампионскиот трофеј од Бразил
Бразилскиот селектор, но и тамошната јавност, е во очекување дека напаѓачот на „светците“ ќе успее да се рехабилитира до почетокот на турнирот по скршеницата на метатарзалната коска на стопалото што ја здоби во мечот во рамки на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј во февруари
Селекторот Оскар Рамирез објави списокот со патници за мундијалот во Русија (14 јуни-15 јули) што за разлика од дел од неговите колеги е скратен и конечен. Покрај чуварот на мрежата на мадридски Реал, внимание привлекуваат и Брајан Руиз, клупски колега на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон, и Џоел Кемпбел од Арсенал
На кормилото на „азурите“ ќе биде во наредните две години со задача да ги врати на старите славни патеки. Опции за неговото работно место беа и Карло Анчелоти, Антонио Конте и Луиџи ди Бјаџо. На клупата ќе дебитира во претстојните пријателски мечеви против Саудиска Арабија на 28 мај, против Франција на 1 јуни и три дена подоцна против Холандија
Вардарки не успејаа да им се реваншираат на Ѓер за минатогодишниот пораз
Ракометарките на ЖРК Вардар денеска во 18 часот во Будимпешта ќе играат во второ финале во низа во Лигата на…
Актуелниот европски вицепрвак ја оправда фаворитската улога во дуелот со Ростов и со конечни 25:19 (полувреме 10:7) закажа пресметка со Ѓер што ќе биде реприза на ланскиот меч за титулата и одлична прилика за одмазда за минималниот пораз по продолженија
Бранителот на титулата пред малку во „Ласло Пап арена“ го совлада ЧСМ Букурешт со 26:20 (полувреме: 14:10). Второто полуфинале на завршниот турнир во ЛШ за оваа сезона е од 18 часот меѓу ЖРК Вардар и дебитантот, Ростов
Македонскиот женски ракометен првак попладнево од 18 часот во „Ласло Пап арена“ во Будимпешта ќе излезе на мегдан со дебитантот Ростов во второто полуфинале на завршниот спектакл во сезоната во елитното клупско натпреварување на ЕХФ. Во увертира на турнирот од 15.15 часот ќе играат ЧСМ Букурешт, победник во ЛШ во 2016 година, и актуелниот првак Ѓер
Според медиумите во САД, големо влијание за разделбата беа убедливите 4:0 за Кливленд во полуфиналната плеј-оф серија од Источната конференција во НБА лигата
Гевгелискиот лигаш вечерва како домаќин го совлада шампионот со 106:94 (по четвртини: 31:23, 28:22, 24:22, 23:27) и ги заслужи одлучувачките 40 минути во недела (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“