Browsing: СПОРТ
Шкотланѓанецот во текот на денот бил хоспитализиран во Лондон во тешка состојба, а вечерва бил подложен и на хируршки зафат поради крварење во мозокот
Популарните „чекани“ славеа на гостувањето кај Лестер со 2:0 и се потврдија како членови на англиската фудбалска елита и за наредната сезона. Тимот од Бирмингам, пак, го совлада Тотенхем со 1:0 и ги одржа надежите за можен опстанок додека „потерси“ загубија на „Британија“ од Кристал палас со 1:2 за преселба во втора лига
Поранешниот турски фудбалски репрезентативец е прогласен за „предавник, терорист и државен непријател“ во неговата земја, откако реши да даде поддршка на движењето на Фетулах Ѓулен во 2016 година. Одземен му е сиот имот и да избегне решетки замина во САД каде е ко-сопственик на локал за пецива во кој и самиот работи
Во недела одредени сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај
Ова е втора година откако УНИЦЕФ соработува со Унијата на спортови од Скопје
Тимот од Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 за трето европско финале во последната декада што го дофати и францускиот прволигаш од Марсеј со гол во 116 минута против Салцбург. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел со 2:0, резултат со кој и Олимпик славеше како домаќин
Покрај напластените финансиски проблеми, во АИБА се соочуваат и со тврдења за лажирани борби на олимписките игри во Рио де Жанеиро, а нејзиниот привремен претседател се поврзува во случај со организиран криминал. ИОК денеска ја повтори загриженоста за состојбата во меѓународната асоцијација за аматерски бокс
Американката се повлече од Мастерсот во Шпанија со образложение дека сè уште не е во препознатлива форма по породувањето, Британецот, пак, го прескокнува најголемиот турнир на земјена подлога поради рехабилитација по операцијата на колкот
Кошаркарот на Кливленд. кој е голем фан на „црвените“, во 2011 година купи два отсто од акциите на клубот, а по пласманот на тимот од „Енфилд“ во финалето во Киев, вредноста на неговата инвестиција се зголеми петкратно
„Волчицата“ славеше со 4:2 на „Олимпико“ во реваншот полуфиналниот дуел, но „црвените“ од „Енфилд“ се радуваат на ново европско финале поради победата во првиот меч со 5:2. На 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев ќе играат против Реал Мадрид за трофејот во Лигата на шампиони
Полуфиналната пресметка меѓу актуелниот европски првак и континенталниот титулар од 2003 година е закажана на 26 мај во 18 часот во „Ланксес арена“ во Келн. За вториот учесник во мечот за титулата претходно ќе разигруваат ПСЖ и Нант на Кире Лазаров (26 мај, 15.15 ч.). Финалето на деветтото издание на завршниот спектакл во е закажано на 27 мај.
Актуелниот тренер на Зенит од Санкт Петербург ја прифати понудата на челниците на фудбалската Федерација, неговата промоција е најавена по завршување на сезоната во руската Премиерлига, јавува „Скај Италија