Browsing: СПОРТ
„Црвено-црните“ за првпат во последните 15 месеци паднаа во СЦ „Јане Сандански“ меѓутоа излегоа како севкупни победници во двомечот со бундеслигашот и по вторпат во низа ќе бидат дел од спектаклот во Келн каде оваа година ќе патуваат како бранители на титулата
Шпанецот останува на плус 100 бода од Роже Федерер на второто место. Непроменета е позицијата и на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, кој во Барселона беше елиминиран од Мартин Клижан во првото коло, и натаму е 12. светски рекет.
Каталонците славеа на гостувањето над Депортиво ла Коруња со 4:2 во претпоследниот меч од 35 коло за осигурување на двојна круна во домашната сцена во оваа сезона. Тимот од „Риазор“ и дефинитивно се сели во понизок ранг за сезоната 2018/19, судбина со која претходно се помирија и екипите на Лас Палмас и на Малага
„Црвено-црните“ загубија на бундеслигашот на домашен терен со 27:28 и благодарение на триумфот со 29:28 во „Шпаркасе арена“ во минатиот викенд се придружија на ПСЖ и Нант на Кире Лазаров на Фајналфорот во Келн. Четвртиот патник ќе биде познат вечерва по возвратниот дуел меѓу Монпелје и Фленсбург
„Црвено-црните“ попладнево (СЦ „Јане Сандански“, 17 ч.) во реванш четвртфинален дуел со бундеслигашот во кој бранителот на тронот во Лигата на шампиони влегува со гол повеќе од ривалоит по триумфот во „Шпаркасе арена“ пред седум дена со 29:28
Германскиот менаџер на „црвените“ со пофални зборови за Мохамед Салах, за ефектот против „волчицата“, за фантастичната форма во која игра. Притоа изрази уверување дека неговиот тим може да слави над Рома и на „Олимпико“
Римјаните не губат верба дека можат повторно да анулираат три гола негатива како во случајот со Барселона и да се пласираат во финалето на фудбалската Лига на шампиони и покрај убедливиот триумф на Ливерпул со 5:2
Мо Салах учествуваше со два гола и исто толку асистенции во триумфот на „црвените“ над „волчицата“ со 5:2 во првиот полуфинален меч во шампионската Лига на УЕФА, два постигна и Фирмињо и еден Мане. Дебаклот на римјаните го ублажија Џеко и Пероти во финишот на средбата. Во второто полуфинале во ЛШ вечерва (20.45 ч.) на „Алијанц арена“ ќе играат Баерн Минхен и Реал Мадрид
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија го лобуваше противничкиот голман од 17-18 метри за потврда на победата на Џенова со 3:1 во последниот меч од 34. коло во Серија А, играчот за врска на Леванте со два слободни удара ги замолкна трибините на „Сан Мамеш“ за триумф на тимот од предградието на Валенсија што многу веројатно значи и опстанок во Примера
Шпанецот во финалето го совлада Кеи Нишикори со 6:3, 6:2 за рекордна 31. победи на Мастерс турнирите од серијата 1,000 со што го претекна Новак Ѓоковиќ кој сега има една помалку
Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во првиот четвртфинален натпревар од ракометната…
Шеесет европски парламентарци ги повикуваат владите на ЕУ на дипломатски бојкот на Светскиот шампионат во Русија како протест бидејќи Путин “се подбива во европските вредности”.