Browsing: СПОРТ

Документарниот филм во продукција на „Пи-Џи-Ем Нетворк“ од Белград што беше претставен денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Остварувањето е снимено по идеја на новинарот Живко Здравкоски, најавено е негово прикажување на ТВ „Арена спорт“ околку Нова година

„Црвено-жолтите“ притоа се нотирани како национален тим со најголем напредок во изминатите 12 месеци по падот на 162 позиција лани во декември што значи скок за 86 скалила. Во топ 10 без никакви промени. Лидер е Германија (1.602 бода) пред Бразил (1.483) и Португалија (1.358)

Повозрасната од сестрите Вилијамс првично беше обвинета за предизвикување на судир со возило со кое управуваше 68 годишната Линда Барсон која се здоби со лесни телесни повреди. Но, полицијата подоцна објави дека се откриени докази што упатуваат дека Венус прописно влегла во раскрсницата и дека нема вина за предизвикување на насреќата

Кам-бекот е најавен за средината на март, а поранешната шампионка на Вимблдон планира да настапи на Мастерсот во Мајами. Французинката се повлече во 2013 година поради мистериозна болест, еден месец по освоената титула на гренслемот во Лондон

„Дружината“ е разбиена од полициите на Словенија и на Хрватска, а во соработка со „Европол“. Во претресите на 13 куќи и 15 возила на различни се запленети два автомобила, 35 електронски направи, 32 мобилни телефона, 19,650 евра и 38,500 фалсификувани евро-банкноти и аупсени се 11 лица, соопштуваат од европската полиција

„Црно-белите“ го совладаа македонскиот шампион со 112:94 (по четвртини: 32:19, 37:23, 19:28, 24:24) во меч од 12 коло во АБА лигата. На аеродромци, кои се наоѓаат во тешка криза, им преостанува да трагаат за трета радост во јадранската сезона во некоја наредна, поповолна, прилика

Единствениот гол на „Олимпико“ за триумф на „волчицата“ над Калјари го постигна Федерико Фацио во четвртата минута од судиското надополнување на времето. Наполитанците се нови лидери на табелата по победата над Торино со 3:1 и поразот на Интер од Удинезе со 1:3. Словачкиот репрезентативец го постигна својот 115 погодок за тимот од „Сан Паоло“ и се израмни со легендарниот Аргентинец

Составот на Пеп Гвардиола и натаму не знае за пораз во оваа сезона во Премиерлигата во која има само едно реми, откако денеска против спарси (4:1) ја забележа и 16 победа и издаде уште една потврда дека е главен кандидат за детронизирање на Челзи

Со погодокот на Кристијано Роналдо од слободен удар во 53 минута, „кралевите“ го совладаа бразилски Гремио со 1:0 во финалето во Абу Даби и по третпат го подигнаа трофејот во натпреварувањето по 2014 година и 2016 година