Browsing: СПОРТ
По победите со 3:0 против Луксембург и Белорусија во март, „црвено-жолтите“ напредуваа со 133 позиција, „кариоките“ по седум години се вратија на врвот
Белгискиот репрезентативец ги постигна двата гола за лондонските „сини“ кои останаа на првото место на табелата со седум бода повеќе од Тотенхем. Арсенал сигурен против Вест Хем (3:0), Тотенхем со пресврт во финишот го совлада Свонси. Од фаворитите не победи сао Ливерпул во дуелот со Борнмут (2:2)
„Кралскиот клуб“ ја сочува лидерската позиција на табелата по триумфот над Легањес со 4:2, Каталонците за само осум минути на „Камп Ноу“ ги решија гостите од Андалузија за конечни 3:0
Наполи ја совлада „старата дама“ со 3:2 во реванш полуфиналната пресметка на „Сан Паоло“, но „бјанконерите“ продолжуваат во натпреварувањето благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба
Со санкцијата се опфатени Артур Тајмазов, борач од Узбекистан, неговиот украински колега Васил Федоришин и Русинката Светлана Царукаева кои се закитија со медали на Игрите во Пекинг и во Лондон
Тимот од Малага ја совлада Валенсија со 63:58 за 2:1 во финалната серија во натпреварувањето и во наредната сезона, по пауза од седум години, повторно ќе биде дел од елитната конкуренција на стариот континент
На настанот во иранскиот главен град е најавено дека ќе учествуваат натпреварувачи од преку 40 држави во светот
Бранителот на тронот ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој Шкендија загуби од Работнички на „Телеком арена“, и се одлепи на девет бода од тетовци на врвот на табелата. Екипата од Градски парк сега има плус пет од Пелистер во битката за трето место што води во квалификациите за Лига Европа
„Црвените ѓаволи“ ремизираа (1:1) на „Олд трафорд“ против Евертон. Бод за нив сочува Златан Ибрахимовиќ од пенал во судиското екстра време. Челзи вечерва (21 ч.) го дочекува Манчестер сити во дербито на 31 коло
Хофенхајм ги совлада Баварците со 1:0 со погодокот на Хрватот Андреј Крамариќ. Келн со идентичен резултат го победи Ајнтрахт, победи по 3:0 за Борусија Д. и Вердер против Хамбиргер, односно, Шалке
Римските „небесно-сини“ загубија во реваншот од градскиот ривал Рома со 3:2, но благодарение на триумфот во првата средба со 2:0 ќе играат за титулата со подобриот од двомечот Наполи – Јувентус
Белграѓани во мајсторката го совладаа Будуќност со 82:59 (по четвртини: 21:15, 14:14, 32:22, 15:8) за севкупни 2:1 во полуфиналната серија и трето финале во низа во регионалното кошаркарско натпреварување