Browsing: СПОРТ
Според Кристијан Зајферт, директор на лигата, приходите се зголемени за 23,7 отсто во 2016 година во однос на претходната. Раст бележат и второлигашите кои лани оствариле приход од 608,3 милиони евра или 20,3 отсто повеќе од 2015 година
Во проектот ќе учествуваат сите 55 нејзини членки. Тие ќе бидат поделени во четири квалитативни лиги (А, Б, Ц, Д). Проектот треба да биде замена за пријателските средби, но ќе има и натпреварувачко значење бидејќи преку него се планирани четири места на ЕП 2020
Негов противник во недела ќе биде подобриот од утрешното полуфинале меѓу Рафаел Надал и Григор Димитров. Швајцарецот во недела ќе игра во 28 гренслем финале во кариерата во обид да освои и 18 титула
Ова се противниците на младата репрезентација во квалификациите за ЕП 2019
В. Вилијамс во полуфиналето ја елиминира Коко Вандевеге со 6:7, 6:2, 6:3, С. Вилијамс подобра од Лучиќ-Барони со 6:2, 6:1 за 28 меѓусебен меч во кариерите. Серена води со 16:11
Тимот од Виго ремизира (2:2) против „кралевите“ на својот „Балаидос“ и со вкупни 4:3 се пласира во полуфинале каде се и екипите на Алавес и Атлетико Мадрид. Вечерва (21,15 ч.) е реваншот меѓу Барселона и Реал Сосиедад
Саутемптон ги елиминира „црвените“ по победата и во реваншот на „Енфилд“ со 1:0. „Светците“ во финалето ќе играат со подобриот од Манчестер Ј. и Хал. Реваншот е вечерва, тимот на Мурињо има 2:0 од првата средба
Роже Федерер е највозрасен кај мажите со 35 години пред Вавринка кој има 31 и Надал со 30. Венус Вилијамс, пак, е со најмногу години кај жените (36), Серена има 35, Лучиќ-Барони има 34
Малото француско гратче на тромеѓето со Швајцарија и Италија собра 304 спортисти од 16 држави. На репертоарот беа пет спорта (санкање, карлинг, хокеј на мраз, лизгање и нордиско трчање), а медали се поделија по 16 настани во девет дисциплини
Според рускиот портал „известиа.ру“ натпреварите ќе се играат во „ВТБ Арена Парк“ со капацитет од 12.000 места. Истанбул ќе биде домаќин на турнирот во оваа година, организацијата за 2018 година ја доби Белград
Се одзема победата на штафета на Јамајка (4х100 м.) од 2008 година поради позитивен допинг наод на еден од нејзините членови Неста Картер, потврдија од ИОК
Според весник „Ел Конфиденсијал“ корекцијата е веке завршена работа. Славниот клуб се надева дека на тој начин ке дојде до поголем профит во ОАЕ, Саудиска Арабија, Кувајт и Катар
