Browsing: СВЕТ
ЕУ испрати порака до сите мигранти и бегалци кои сакаат да одат во Европа дека економските мигранти ќе бидат вратени назад и барањето за азил треба да се поднесе во Турција. Ако е прифатено, тие безбедно да бидат префрлени во ЕУ.
Во последните две децении жените значително го подобриле својот образовен профил, но тоа не резултираше со нивна подобра позиција на работа, се вели во извештајот објавен по повод Меѓународниот ден на жената 8.март
Во 14 општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради поплавите што изминатите денови ја зафатија оваа земја. Според официјалните податоци досега се поплавени над 700 куќи, а 118 луѓе се евакуирани
На самитот во Брисел ЕУ и Турција вчера ги договорија основите на можниот договор за враќање илјадници мигранти во Турција и ќе се сретнат повторно на 17 март.
Турција побара денес од ЕУ дополнителни 3 милијарди евра и ветува дека ќе ги земе назад сите мигранти кои не можат да добијат азил во ЕУ.
Берни Сандерс оствари значајна победа над Хилари Клинтон за номинација кај Демократите во пресрет на претседателските избори, откако на внатрепартиските избори победи во Мејн
Во првото издание откако минатата недела државата по полициски упад го презеде проктитичкиот весник, денеска на насловната страница е претседателот Ердоган и неговите активности
Словачкиот премиер Роберт Фицо, популист познат по својата анти-бегалска реторика, победи на парламентарните избори во саботата со 27,6 отсто од гласовите но го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот.
Турција, земја кандидат за членство во ЕУ, мора да ја почитува слободата на медиумите, изјави Брисел а Вашингтон порача дека “последната серија на загрижувачки судски и полициски акции на турската влада ги имаат за цел медиумите”.
Турскиот претседател Ердоган предлага изградба на нов град на северот на Сирија за бегалците, јавува турската провладина агенција Анатолија.
Турската полиција синоќа влезе во просториите на дневниот весник Заман кој е критичен кон претседателот Ердоган а по една судска одлука за преземање на контролата врз весникот.
Роберт Фицо ја водеше својата изборна кампања пред се со остро противење на приемот на бегалци и во таа насока беше и неговата посета на грчко-македонската граница на 2 март.













