Browsing: СВЕТ

Особено беше изразена длабоката загриженост од повторените провокации од турска страна во однос на рускиот патролен брод ’Сметливиј’ во Егејското Море, кој како предупредување за судар со турскиот брод „Гечицилер Балик Челик“ отвори предупредувачки оган

Четири жени освоија места во општинските совети во Саудиска Арабија во првите избори кои беа отворени за учество на жените и како гласачи и како кандидати. Ал Џезира потврди дека во три општини веќе има избрано жени советници

Во Франција денеска се одржува вториот круг од Регионалните избори, откако по првиот круг, минатата недела, крајната десница-Националниот Фронт, предводен од Марин Ле Пен се најде на првото место според бројот на освоени гласови во шест од 13 региони

Најмалку 22 лица загинале во пожарот кој ја зафатил болницата за невролошки болести во рускиот град Воронјеж.Повеќе од 70 луѓе се наоѓале во болницата откако зградата доцна синоќа ја зафатил пожар

Во Варшава денес 50.000 луѓе излегоа да ја одбранат демократијата во земјата која, според нив, е загрозена од конзервативците на Јарослав Качински кој дојде на власт пред еден месец.

УСКОК, Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал на Хрватска, денес објави дека подигнува обвинение против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ и уште 15 лица.

Франција разгледува предлог за превентивно интернирање на лица од списокот «С» на разузнавачката служба – лица кои не се обвинети за ништо но кои треба да се надгледуваат за можна радикализација.