Browsing: СВЕТ

Допрва ќе се утврдува во кои земји ќе одат мигрантите, според кој критериум ќе се одбираат и на колку време ќе имаат престој во земјите

Финансиската кома на Грција го избриша резултатот од референдумот. Ако Сириза не го прифати предлогот на Ципрас, би можел да го распушти Парламентот или да влезе во коалиција со други партии за Влада на национален спас.

Еден од најбараните убијци во Австрија, Мирсад Саќировиќ, кој пред шест години пред виенскиот клуб „Вива“ уби еден припадник на обезбедувањето, и се предал на полицијата. Тој во австриското МВР се водел како еден од најбараните по убиството во 2009 година

Посмртните останки на 136 жртви на геноцидот во Сребреница утрово од Високо пристигнаа во Сараево. Превезени со камион, жртвите чиј идентитет е утврден, ќе бидат погребани во меморијалните гробишта во Поточари

Пакетот реформи беше финализиран утринава помеѓу премиерот Ципрас, вице-премиерот Драгасакис, министерот за финансии Цакалотос и министерот за економија Статакис. Ципрас им јасно ставил на знаење на министрите дека тој сака договор со своите кредитори.

Бројот бегалци коишто бегаат од конфликтот во Сирија кон соседните земји веќе го надмина прагот од четири милиони, со што се потврди дека оваа криза е најголемата криза со бегалци во светот во речиси четврт век под мандатот на УНХЦР, соопштуваат од седиштето на УНХЦР во Женева

Меркел во Сараево ќе биде пречекана од претседaвачот на Советот на Министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а потоа Канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина

Папата Францис на вчерашната миса која се одржа во Еквадор, во Кито, ги повика граѓаните на Латинска Америка да се осврнат кон заедничките христијански корени, како инспирација за надминување на разликите