Browsing: СВЕТ

Тбилиси минатата вечер го погоди невреме со град и силни ветрови по што потопени се неколку куќи и згради а оштетен е голем дел од инфраструктурата. Покрената е потрага по 32 диви животни

Во Јужна Кореја веќе починаа 14 лица од смртоносниот вирус, а регистрирани се нови 12 случаи на зараза. Вкупно 138 лица се заразени со МЕРС во Јужна Кореја по првиот откриен случај на 20 мај, а за вирусот не постои лек ниту вакцина

Зголемиот број на бегалци и мигранти кои ја користат „Западно – балканска рута“, преку која се обидуваат да стигнат до Европа, се соочуваат со големи ризици, вклучувајќи злоупотреби, насилство и несреќни случаи додека се движат по железничките пруги, предупредува УНХЦР

На разговорите зад затворени врати се очекува да било дискутирано за сириската криза и за енергетски прашања, вклучително и за плановите за изградба на гасовод од Русија до Турција

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, при видео обраќање на регионалната конференција за медиуми на БИРН во Сараево, рече дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост која бара итно внимание

За прифаќање на гласањето беа неопходни најмалку половина плус еден глас од вкупно 554-члениот Парламент. На седницата присуствуваа 417 пратеници, а само 214 од нив гласаа. Од гласовите, 194 пратеници гласаа „за“, 13 гласаа „против“, а седум од гласовите беа неважечки

Премиерот на Молдавија, Кирил Габуричи изјави дека се повлекува од функцијата по скандалот во јавноста за неговата диплома од средното училиште и факултет. Според него, прашањата за неговото образование станале инструмент на политички игри

На седница во парламентот во Романија, денеска ќе се дискутира и гласа предлогот за изгласување недоверба на владата на премиерот Виктор Понта, поднесен од опозициската Националолиберална партија

Јонгканг е поранешен член на Постојаниот комитет на Комунистичката партија, и е највисокиот функционер кој се најде на мета на актуелната антикорупциска кампања на претседателот на Кина, Си Џинпинг