Browsing: СВЕТ

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан е победник на вчерашните локални избори во Унгарија, остварувајќи победи во главниот град Будимпешта и 20 од вкупно 23 поголеми градови во земјата

Граничниот премин Ѓушево помеѓу Македонија и Бугарија денеска претпладне ќе биде блокиран; незадоволни од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, граѓаните на Ќустендил ќе го блокираат патот за Македонија

Според нецелосните резулати на изборите за членови на Претседателството на БиХ, водат Бакир Изетбеговиќ, Жељка Цвијановиќ и Драган Човиќ. Неизвесна е трката за член на Претседателството на БиХ од Република Српска

Според последните податоци одзивот на гласачите на ниво на држава е 50,1 процент. Во Република Српска излезеноста на гласачите е 53,51 посто, a во Федерацијата е 48,2 проценти

Граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратеници во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседател на Република Српска и пратеници во десет кантонални Собранија во Федерацијата БиХ

Гласањето доверба на Владата го иницираше самиот Самарас, со цел да добие поддршка од пратениците за продолжување на започнатите реформи и за преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори – ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд

Две лица загинаа при пад на спортски авион во близина на Нови Сад, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, во авионот летал бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ,а идентитетот на неговиот придружник се уште не е познат

Во Босна и Херцеговина во недела ќе се одржат избори за сите нивоа на власта, на кои околу 3,2 милиони босански државјани ќе избираат кандидати од 113 политички субјекти