Browsing: СВЕТ
Активисти за правата на хомосексуалците денес се обидоа да одржат парада во центарот на Москва, но полицијата ги спречи. Руската полиција приведе и неколку православни контрадемонстранти
Турција отвори истрага против опозицискиот весник „Џумхуриет“ осомничен за прекршување на законите против тероризмот, откако на неговите страници се појави напис за запрениот конвој камиони, со помош за сириските цивили, на турската граница, полн со оружје и муниција за исламистичките бунтовници во Сирија, јавува МИА.
Дијалог и преговори – само тоа е начин за решавање на проблемите кои постојат помеѓу Албанија и Грција. Не се потребни декларации туку дијалог, рече албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
За тоа како ќе биде псотавено прашањето е дел од предлог законот за кој британскиот премиер Дејвид Камерон изрази надеж дека ќе биде усвоен во парламентот за многу краток период
– Како што знаеме сите, ФИФА бира нов претседател во петок а најверојатно Блатер ќе биде реизбран. Познато е дека е тој под голем притисок, а целта е на Русија да и се одземе организацијата на Светското првенство во 2018 година, смета Путин
Ципрас по денешните разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина порача и дека сепак во финалната фаза ќе бидат потребни „смиреност и решителност“
– Факт е дека не се согласуваме околу Косово и Метохија. Србија ќе го третира и ќе продолжи да го третира како составен дел, додека Албанија го третира Косово како независна држава, изјави Вучиќ
Во рамките на договорот ЕУ-Швајцарија, даночните власти на земјите членки ќе добиваат секоја година имиња, адреси, броеви на даночна идентификација и датумите на раѓање на сите кои имаат сметки во Швајцарија како и тоа колку пари има на сметката.
Помеѓу уапсените не е актуелниот претседател Сеп Блатер, кој во петок ќе го побара и петтиот мандат како прв човек на Светската фудбалска организација. Полицијата извршила претрес во седиштето на организацијата во Цирих, а многу документи биле запленети, соопшти швајцарското Јавно обвинитеслтво
Најмалку 13 луѓе загинале во налет на торнадо кое го погоди градот Сијудад Акуна на северниот дел од Мексико. Стотина куќи се уништени или оштетени во овој град во државата Коауила, на реката Дел Рио, која ја дели Америка од Мексико
Како што најави Камерон, тој планира да распише референдум за членството на Британија во ЕУ до крајот на 2017 година. Тој рече дека неговата земја ќе остане само во една реформирана Европска унија
Србија треба да го уапси и испорача Воислав Шешељ во Хаг денеска, откако Жалбениот совет на Хашкиот трибунал го побарал тоа од српската влада, со објаснување дека неговата здравствена состојба не може да го спречи тоа















