Browsing: СВЕТ

Она што требаше да биде „Јужен тек“ доби нова линија, откако руски „Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“, преку кој треба да се транспортира рускиот гас

Доколку Грција не успее да постигне нов договор за одржливо враќање на долговите, земјата би можела да се обрати кон САД, Русија или Кина, вели грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, лидер на Независни Грци, партијата со која Сириза ја создаде новата Влада

Силна експлозија по која избил пожар го потресе западниот дел на Доњецк. Според про-руските активисти, експлозијата била последица од гранатирањата од страна на украинската влада

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата влада ќе ги одржи сите ветувања од предизборната кампања, а Грција ќе го испочитува својот долг благодарение на „транзицискиот план“ од европските партнери, пренесуваат медиумите

Лајош Симичка е пријател на Орбан од училишните клупи. Тој во петокот го обвини Орбан дека сака да ги замолчи незвисните медиуми со планираните даноци што медиумите ги плаќаат за реклами.

Референдумот на кој Словаците требаше да се изјаснат дали Уставот треба да забрани хомосексуален брак вчера пропадна во оваа земја поради недоволен одѕив на гласачите. Според Бирото за национална статистика само 21,40 отсто гласачи излегле да го дадат својот глас.

Припадници на војската на Нигерија убиле 109 исламисти од екстремистичката група Боко Харем, која за прв пат изведе напад на градот Босо, соопшти Министерството за одбрана.
Во борбите исто така загинале и четири војници, како и еден цивил, а вооружен судир имало и во градот Дифа, каде што исчезнале двајца припадници на војската, а повредени се 17