Browsing: СВЕТ
Во 3.42 минута се гледа група млади жени кои се подготвуваат за излегување, па одат во клуб и се забавуваат, со силна авторска сугестија дека консумираат преголема количина алкохол
На видеото се гледа како Тамир Рајс го усмерува пиштолот кон еден минувач, потоа го врти околку прстот како во филм и го става на појасот додека чекори по тротоарот. Потоа се гледа како доаѓа кола на полицијата а момчето тргнува кон колата без пиштолот во рака. Во тој момент полицијата пука во него го убива.
Снежната бура откажа над 3.000 летови во североисточниот дел на Америка во пресрет на големиот празник Денот на благодарноста
Гувернерот на Мисури Џеј Никсон распореди околу 2 илјади и 200 припадници на Националната гарда околу Фергусон
Автобусите, возовите и авионите нема да се движат во Грција како последица од 24-часовниот штрајк на двата владини синдикати во земјата. Државниот и приватниот сектор се целосно парализирани
Околу 150 тенкови и оклопна техника во неколку земји членки на НАТО планира да распореди американската армија. Дел од нив ќе бидат сместени во земји од Источна Европа за учество во воени вежби
Помеѓу уапсените се 18-годишниот лидер на групата „Сколаризам“ Џошуа Вонг и заменик генералниот секреат на Хонгконшката федерација на студентите Честер Шам
Џихадистите на Исламската држава каменувале до смрт двајца мажи во Сирија кои се обвинети дека се хомосексуалци
Грчките медиуми ќе одржат 24 часа генерален штрајк во знак на протест против политиката на Владата во Грција. Акцијата е започната во 6 часот а ќе трае до 6 часот – 27.ноември
Полицаецот Дарен Вилсон кој во август годинава го застрела 18-годишниот Афро-американец Мајкл Браун изјави за ABC дека „совеста му е чиста“ и само ја извршувал својата работа
Полицијата започнала да ги истражува можните случаи на педофилија, во кои се вмешани свештеници откако една наводна жртва неодамна му напишала писмо на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско
Најмалку 18 лица загинаа изутринава при уривање на станбена зграда во предградие на Каиро, соопшти египетската полиција. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините, каде се претпоставува дека има уште луѓе













