Browsing: СВЕТ

„Врската меѓу Јужна Америка и исламот потекнува од 12 век. Муслиманите ја откриле Америка во 1178 година, а не Кристофер Колумбо “, изјавил Ердоган во Истанбул, во говор на самитот на исламските лидери од Јужна Америка

Организацијата Исламска држава денеска објави видео во кое еден од џихадистите тврди дека го обезглавил американскиот хуманитарен работник кој беше киднапиран минатата година Питер Касиг

Кремљ ги негира информациите дека рускиот претседател Владимир Путин планира да го напушти тековниот самит на Г20 во Бризбејн, Австралија, порано од планираното, откако се соочил со лидерите од Западот за украинските прашања

Самитот на групата најразвиени земји на светот Г20 започна денеска во австралискиот град Бризбeни, а главни теми се кризата во Украина и воведените санкции од Русија, како и борбата со еболата во Африка

Бројот на загинатите во конфликтот во источна Украина достигна 4 132 лица, се наведува во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, пренесуваат светските новински агенции

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ja погоди доцна синоќа Лима, но не е регистрирана материјална штета, додека земјотресот од пет степени веднаш потоа е почувствуван во Гватемала и Ел Салвадор.